Фронтлајн од неофицијални извори дознава дека братот на локален политичар од општина Петровец, Д.М. е фатен „на дело со багерот“, во нелегален ископ на песок.
Според изворите на Фронтлајн, Д.М. денеска е приведен во полициска станица, под сомнение дека вршел нелегален ископ на песок во индустриската зона Којлија.
Набрзо се очекува и официјална потврда на овие информации.
Д. Е.
ДЕМАНТ
Демант на оваа вест испрати адвокатот Никола Тодоровски, полномошник на градоначалникот Борче Митевски. Обраќањето до Фронтлајн, со демант и барање за извинување може да се прочита на овој ЛИНК.
Во продолжение, скен од обраќањето до Редакцијата, 3 јуни 2020 г.
ИЗВИНУВАЊЕ
Редакцијата му се извинува на градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, поради објавата на оваа вест, за која до моментот на објавување на демантот, не постојат официјални податоци дека е вистинита.