ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сезнајковци од сите маала, обединете се!

Имаме прилика да научиме да се гледаме очи в очи, да си упатиме поздрав на различни начини, со гест, со збор, со топлина во гласот, со насмевка во очите, со допир на стапалата или лактите. Да ги подобриме хигиенските навики, да не си дишеме и плукаме еден на друг за да покажеме дека сме срдечни. Да научиме повеќе за онлајн технологиите. Пандемијата може да ни помогне да станеме поумни, повоздржани, подобри човечки битија, а не глупави и себични.

June 2, 2020 13:22
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога некој очигледно и со план ги минира, вонредната состојба и било која мерка за заштита на јавното здравје, не само што нема шанси да се спроведат, туку може само да ја продолжат во недоглед „индуцираната кома“ во која се наоѓа општеството. Навистина, деноноќната борба на лекарите и совесните професионалци во институциите, вонредната состојба и полицискиот час спречија ерупција на коронавирусот. Но тоа не е доволно. За жал, несовесноста, инаетот, себичните политички и криминални интереси и инфодемијата го наплаќаат својот данок во животи и здравје. Секое невнимание е ризик по здравјето и животот. И најмала грешка може да биде трагична. Колку пати да се повтори тоа?

Вистина е дека бевме поштедени од ужасите низ кои минаа луѓето и во неспоредливо побогати земји со многу повеќе ресурси и со постабилни здравствени системи во кои министер за здравство не бил еден Никола Тодоров, на пример. Но институциите и заедниците реагираа поинаку во светот, дури и во делови за кои е општо прифатено мислењето дека се заостанати во споредба со нашето општество на сезнајковци.

Верските водачи насекаде во светот повикуваа на почитување на мерките, а не нивно бојкотирање. Не знам за верски лидер во светот кој прогласил смрт на коронавирусот. Папата држеше миса онлајн, а ватиканскиот плоштад зјаеше празен. И исламските верски лидери ги повикуваа верниците строго да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Овде – лажичиња, литии, групни ифтари, зурли, тапани и ора. И по некој повик на „џихад“, не за друго, туку дека не се знаел македонскиот јазик… Неверојатно!

Ова се денови кога многумина ги мачи „предавнички“ срам од лудото однесување на суштества што одат на две нозе и носат облека, а од устите испуштаат звуци исти како човечки говор. (Последнава реченица е фигуративно изразување, кое е на границата на коректно изразување, за што посебно и искрено се извинувам.)

Имаше земји каде што кафеаните не беа затворени воопшто, но никаде немаше качување по маси, лигавење и гушкање што и во нормални услови е одвратно. Тоа што луѓето низ светот и кај нас физички се дистанцираа за да се заштитат од коронавирусот не ги направи помалку луѓе, туку напротив, ги направи повеќе солидарни.

Со социјалната дистанца, луѓето покажаа грижа еден за друг. Го чуваа својот и животот на другите. Овде, мажињава, онака запотени, со пивско шише во раката, се тријат меѓусебно по кафеаните и по маалските ќошиња. Тоа ги направи похумани? Можеби ги направи помажествени? Похрабри? Ма, дај!

Имаме прилика да научиме да се гледаме очи в очи, да си упатиме поздрав на различни начини, со гест, со збор, со топлина во гласот, со насмевка во очите, со допир на стапалата или лактите. Да ги подобриме хигиенските навики, да не си дишеме и плукаме еден на друг за да покажеме дека сме срдечни. Да научиме повеќе за онлајн технологиите. Пандемијата може да ни помогне да станеме поумни, повоздржани, подобри човечки битија, а не глупави и себични. Не мора секогаш да бидеме сезнајковци, и онака веќе има по најмалку еден сезнајко во секое маало…

Имаме прилика да го нормализираме животот, сите заедно. Не политичарите, не институциите, поточно не само тие, туку сите заедно. Имаме прилика, наместо да ги трпиме рамноземците, националистите и верските фанатици, да ги осудиме и отфрлиме нивните отрови, бидејќи се подеднакво опасни како и коронавирусот. Наместо да ги затвораме очите пред злонамерното и себично дивеење во јавноста, наместо да бидеме тивка толпа како оној мајмунот со затворени очи, уши и уста, можеме да им пркосиме, со збор и со личен пример. Инаку, сезнајковците ќе ни го упропастат здравјето, ако не и животот.

Ниту партискиот капитен, ниту верскиот поглавица (од било која вера) не се поблиску до науката или, ако сакате, до Бог/Алах, отколку секој од нас. Тие немаат монопол врз комуникацијата со науката или со божествените димензии на постоењето. Зошто партиската книшка, чалмата или одората значат дека можат да ни кажат како да се заштитиме. Има лекари за тоа! Секој од нас е доволно паметен да знае дека секој ден сме пред крстосница: едниот пат води кон незнаење, глупост и наивност, а другиот кон знаење и свест. Едниот води кон болест, другиот кон здравје. Едниот е наука, другиот е заблуда, едниот е Бог/Алах, другиот е изгубеност и пропаст на душата.


Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Сите заедно можеме“ почна со реализација на хумана помош за граѓаните во Казнено поправните домови

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk