Македонските здравствени власти знаат добро што прават, кога станува збор за датумот на избори на 5 јули, здравствените установи воопшто не се оптоварени, рече во вечерашното гостување на телезивија Канал 5, Андреј Жерновски, заменик министерот за надворешни работи.
-Капацитетите се празни, најголемиот дел од новозаразените се со благи симптоми, затоа и се на домашно лекување. Сакам да ве увреам дека здраствените работици работат и ќе се избориме со оваа ситуација. И СДСМ и јас имаме своја верзија за тоа што се случуваше, ние сакале или не мора да имаме избори на 5 јули, не е желба тоа на едни или други, тоа е рокот кој што тече после завршување на вонредната состојба. Не може политички партии да си го толкуваат законот и Уставот, како што сакааат. Најотворено, ние нема да бидеме жртви на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, вечно да се одлагаат изборите- рече Жерновски.
Мицкоски нема да оди и на редовниот термин на избори, вели Жерновски, значи не може вечно одложување на изборите, не може вечни преговори, не може вечно вонредна состојба.
-Сакам да ве уверувам сите дека ќе се стори се да се организираат 100 процентно безбедни избори- вели Жерновски.