Вчера сите бевме сведоци на флагрантно кршење на протоколите од еден угостителски објект вои Скопје кој работеше во затворен простор и во кој беше затечен претседателот на една опозициска партија, истакна претседателката Магдалена Филиповска Грашкоска на денешната прес-конференција.
Таа истакна дека почитувањето на протоколите од страна на деловните субјекти и граѓаните кои ги посетуваат е од исклучителна важност за намалување на последиците од корона вирусот. Сите што нема да се придржуваат до овие протоколу ќе бидат најостро санкционирани
„Поднесени се 28 кривични и 38 прекршочни пријави. Да не ги вплеткуваме инспекторите во политичките игри и да се оставиме да си ја работат својата работа. Оставете ги инспекторите совесно да си ја вршат својата работа“, истакна Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат.
„Немојте да го ставате инспекторатот во незавидна ситуација. Двајцата инспектори кога побарале да влезат во објектот биле спречени да извршат контрола и тогаш им станало сомнително дека внатре има луѓи и инсистирале да влезат. Инспекторите повикале на помош уште од двајца инспектор, но и тогаш не им било дозоволено да влезат во објектот. Во меѓувреме побарана е и полициска подршка. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава против правното лице, што ја спречувало интервенцијата на инспекторите“, истакна Пауновски.
Тој додаде дека и целокупното одделение од пазарниот инспекторат во Куманово ќе се затвори зашто еден од инспекторите е позитивен на корона вирус.
Ј. Ѓорѓиоски