ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Тендери за рехабилитација на преку 140 километри патишта во Пелагонија (ВИДЕО)

June 4, 2020 15:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестициите во капиталните проекти се реализираат со големо темпо. Само овој месец преку ЈП за државни патишта ќе се распишат тендери за 7 патни прави во Пелагонискиот регион во должина од преку 140 километри и инвестиција од 25 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета во Прилеп.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и руралниот развој Николчо Бабовски, извршија увид во изградба на пат од Прилеп преку населените места Волково, Прилепец се до манастирот Свети Никола во должина од 5,5 километри.

„Имаме силна динамика на реализација на проектите во делот на патиштата, гасификацијата, железницата и комуналната мрежа. Некаде од август или септември преку ЕБОР ќе започнат да се работат седум патни правци со вкупна должина од 148 километри или инвестиција од 25 милиони евра. Меѓу овие седум патишта е и рехабилитација на патот од Фариш до Прилеп, инвестиција од преку 5 милиони евра со што ќе имаме комплетно нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп.  Претходно  завршивме со  рехабилитацијата на регионален пат Прилеп–Тополчани–Битола, патниот правец Прилеп – Прилепско езеро,  се рехабилитираше патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште, завршуваме со рехабилитација на патниот правец од Раец до Фариш, а веќе следната недела ќе се објави тендерот за изградба на канализација со пречистителна станица за н.м Мало Коњари”, изјави министерoт за транспорт и врски Горан Сугарески.

Проектите за изградба на овие патишта се дел од програмите за рурален развој кои Агенцијата ги реализира се со цел да се подобрат условите за живот и престој во руралните средини, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Николчо Бабовски.

“Општина Прилеп заедно со Плански Пелагонски регион имаат добиено 4 проекти или околу 1 милион евра. Агенцијата преку оваa програма за рурален равој финансира проекти во висина од 38 милиони евра со што покажуваме дека се грижиме за еднакви услови за живот, престој и развој на мали бизиси во руралните средини”, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Николчо Бабовски.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски истакна дека овој пат е дел од голмиот инвестициски циклус што го работи општината во делот на патната инфраструктура.

„Само за овие три месеци направивме 25 километри патна инфраструктура во општината од кои 10 километри во градот и околу 15 километри во населенати места. Вчера започна и рехабилитација на патниот правец од Кадино село до Галичани и со тоа го заокружуваме пролетниот дел од градежната офанзива во Прилеп”, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Изработка на нацрт-планови за управување со Охридско Езеро и Шар Планина

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk