ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Демант на Министерството за здравство на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

June 5, 2020 20:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство најостро ги демантира дезинформациите изнесени на прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводно прикривање на 20тина случаи на заболени од ковид-19 од страна на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Во врска со изнесените невистини, Mинистерството за здравство го истакнува дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, на ден 02.06.2020 година е регистриран 1 позитивен случај на коронавирус во градот Штип.

Во прилог испраќаме линк за точно информирање на јавноста од дневната статистика за 02.06.2020 година што ја води Институтот за јавно здравје, потенцираат од МЗ.

„Исто така, не е точна ни информацијата дека директорот на Клиничката болница во Штип, д-р Ален Ѓеорѓиев изјавил дека се регистирирани 14 нови случаи.

Бројката на хоспитализирани пациенти во болницата на2.6.2020 година е 14, а тоа е точно наведено во дневното соопштение на Министерството за здравство испратено до медиумите и објавено на следниот линк.“, наведуваат од МЗ.

„Министерот Филипче, од првиот дијагностициран случај на Ковид-19 во земјава известува точно, навремено и транспарентно. Поради тоа, не се точни обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на статистиката со новозаразени.

На 02.06.2020 година, министерот Филипче на прес-конференција потенцираше дека се до почеток на прес-конференцијата сè уште не се стигнати бројките од една приватна лабораторија. Подолу транскрипт од неговата изјава на прес конференцијата на споменатиот датум:

Во однос на дневната статистика, се до почеток на прес-конференцијата сѐ уште не беа стигнати бројките од една приватна лабораторија. Во однос на тоа, дозволете да кажам дека би било добро сите да ги чекаме официјалните бројки и да нема шпекулации.“

По добивањето на бројките од приватната лабораторија, Министерството за здравство во 18:41 часот преку соопштение информираше за деталната анализа која ја најави и министерот Филипче на прес-конференцијата.

Во врска со Велес, вчера, Министерството за здравство во соопштението за дневна статистика испратено до медиумите информираше дека по завршување на епидемиолошките анкети 2 лица од претходниот ден регистрирани во Скопје се од Велес. Во прилог линк до соопштението.

Потенцираме дека во ниту еден случај министерот Филипче и Министерството за здравство не се обиделе да прикријат податоци и уште еднаш потсетуваме дека од првиот регистриран случај па досега, министерот Филипче и Министерството за здравство ја информираат точно и навремено јавноста до секој детал.

Министерството за здравство апелира да престанат да се изнесуваат неточни информации во време на вонредна состојба со коронавирус за собирање на дневно политички поени.

Стоиме на располагање и отворени сме за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на јавноста.“, истакнува во демантот Министерството за здравство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk