Неофицијално, лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не случајно бил во затворениот дел од угостителскиот објект на Боемска улица. Во текст на centar.mk се вели дека претседателот на опозициската ДПМНЕ бил во придружба на Ален Зекиров, поранешен телохранител на Сашо Мијалков кој беше прв човек на УБК, и уште две лица.
Инаку, името на Ален Зекиров се поврзува со сообраќајна незгода на булевар „Партизански одреди“,, но и со компанија за маркетинг услуги и дистрибуција на СИМ картички „Аналитико АИ“.
Освен Зекиров, на средбата присуствувал и поранешниот директор на УБК и човек близок на ДПМНЕ, Љупчо Андоновски, велат од centar.mk.