Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во пост на Фејсбук презентираше уште една успешна реконструкција на патишта, дел од пакетот проекти преку Светска Банка.
Од најзапоставениот регион во минатото, за нецели 3 години реалноста е друга, истокот е позитивен пример за сите!
Радосен сум што успешно заврши реконструкцијата на патниот правец Делчево – Ѕвегор – Граничен премин во должина од 5 километри.
Патен правец кој е дел од пакетот проекти кои се реализираат преку Светска банка, проект со вредност од 400.000 евра. Со ❤️ за Делчево, напиша Николовски на својот Фејсбук профил.
А. Н. С.