Листите на корисници кои ќе добијат домашна платежна картичка „Купувам домашно“ и ваучери за домашен туризам ќе бидат објавени во текот на следнава недела.
Наводните бројки и квоти кои од попладнево се пласираат преку одредени портали и преку социјалните мрежи не се точни, ниту пак можат да се пресметуваат на начинот на којшто се презентирани.
Ваквите неточни податоци се тенденциозни, манипулативни и имаат цел да ги дезинформираат населението.
Граѓаните кои ќе ги добијат домашните платежни картички, како и ваучерите се граѓани на кои им е потребна помош за да ја пребродат кризата, како невработени лица, приматели на социјална помош и граѓани кои се со ниски месечни примања, соопштуваат од Влада.