Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес -конференција информираше за уште една мерка за поддршка на туризмот која што беше најавена во Третиот сет мерки на Владата, од Ковид 19 програмата во рамките на Министерството за економија.
Мерката предвидува покривање на 50% од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант за организирање на обуки, семинари, конференции во домашни туристички капацитети од страна на сите невладини организации, здруженија, компании како и институции кои планираат да организираат во рамките на своите активности.