ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковчегот сo телото на Џорџ Флојд поставен во црква во Хјустон, погребот утре

Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, планира утре да отпатува во Хјустон и да се сретне со семејството на Флојд од каде сака да испрати видео порака за погребот, но нема да присуствува на него, изјави неговиот помошник.

June 8, 2020 23:00
in ДЕНЕС, СВЕТ

Ковчегот со телото на Џорџ Флојд денеска пристигна во црква во Хјустон каде ќе може да му се изрази последна почит на човекот чија смрт, со бруталното полициско апсење во Минеаполис, предизвика протести низ целиот свет и постапка за полициска реформа во САД, јавија американските медиуми.

 

Златниот ковчег во кој е положено телото на Флојд полицијата го следеше до црквата, каде ќе биде изложен на шестчасовно бдеење и последен поздрав, отворени за јавноста.

Пред пристигнувањето на ковчегот, пред црквата беше направен голем цветен аранжман, во кој од едната страна беа ставени бели рози во облик на срце и иницијалите BLM (Black Lives Matter) -„Животот на црнците е важен“, што се изработен од сини рози и поставени на срцето, додека од другата страна се ставени црвени рози кои се кренати во форма на тупаница.

Присутните кои влегуваат на поклон пред ковчегот мора да носат заштитни маски и ракавици.

Погребот на Флојд ќе биде утре. Тој ќе биде погребан на гробиштата во предградието Хјустон Пирленд, покрај неговата мајка.

Претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден, планира утре да отпатува во Хјустон и да се сретне со семејството на Флојд од каде сака да испрати видео порака за погребот, но нема да присуствува на него, изјави неговиот помошник.

 

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, кој со коленото врз вратот на Џорџ Флојд ја предизивка неговата смрт при апсењето на 25 мај, ќе мора да издвои кауација од од 1,25 милиони долари, односно еден милион долари под одрдени услови, дознава ДПА од судските извори.

Шовин ги прифатил условите, кои вклучуваат да нема никаков контакт со семејството на Флојд, да не работи во агенција за обезбедување или установа која го спроведува законот, да не ја напушта Минесота и да  го предаде своето огнено оружје.

Шовин, кој е обвинет за убиство од втор степен, денеска за првпат се појави на суд во Минеаполис. Неговото следно рочиште е закажано за 29 јуни, потсетува ДПА.

На видео снимка од мобилен телефон се гледа како Шовин со коленото го држи Флојд на земја, додека овој го молеше да престане затоа штo не може да дишe.

Next Post

Претпладне сончево до умерено облачно, попладне нестабилно со дожд

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk