ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Видео средба на министерот Димитров со словенечкиот колега Логар

June 8, 2020 17:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска остварил видео средба со словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар, на која се заблагодарил за континуираната и безрезервна поддршка на Република Словенија во процесот на интеграцијата во Европската Унија, како и во процесот и на веќе оствареното членство во НАТО.

Како што е наведено во соопштението од МНР, двајцата соговорници ги согледале можностите и следните чекори по одлуката за започнување пристапни преговори од март оваа година.

Министерот Димитров изразил благодарност за најавите од словенечка страна дека проширувањето на ЕУ со земјите од нашиот регион ќе биде високо меѓу приоритетите за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година.

Воедно, министрите размениле мислења за севкупните билатерални односи кои се карактеризираат со интензивна динамика и тенденција за нивно продлабочување и збогатување со нови содржини во сите области од заемен интерес. 

 –Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните состојби во двете земји во врска со справувањето со пандемијата КОВИД-19, искуства во процесот на справување со оваа тешка здравствената криза, како и за економските последици од истата. Притоа, изразена беше волја за натамошна соработка и координација на активностите и справувањето со пандемијата, а министерот Димитров упати благодарност за донацијата со медицинска опрема која Владата на Словенија и ја додели на Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Министерот Логар нагласил дека одлуките во поглед на мерките кои важат при влез во Словенија на лица од трети земји ги носат исклучиво врз основа на епидемиолошката слика, која се следи на дневна основа. Следствено изразил уверување дека последната одлука во однос на потребата од изолација при влез во Словенија на лица кои патуваат од Северна Македонија, би се променила веднаш штом дојде до промена во позитивна насока, за што изразил желба да се случи што поскоро. 

Next Post

Семејството на Флојд бара помош од ОН

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk