ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во четврток – „Илузии“, прва виртуелна претстава на Wonderland Theatre

Претставата е работена според мотиви од истоимената драма на најпознатиот современ руски писател Иван Вирипаев. Илузии е во режија на Нела Витошевиќ. Улогите ги играат актерите: Драгана Лошкова, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Монтажата ја направи Васил Христов. Музиката е на Огнен Анастасовски. Претставата ќе се емитува од 20 00 часот на каналот на Wonderland Theatre, на Youtube

June 8, 2020 18:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот Wonderland Theatre на 11.06 2020 година, во четврток, ќе ја има својата прва театарска премиера онлајн. Претставта носи наслов „Илузии“. Претставата е работена според мотиви од истоимената драма на најпознатиот современ руски писател Иван Вирипаев. Илузии е во режија на Нела Витошевиќ. Улогите ги играат актерите: Драгана Лошкова, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Монтажата ја направи Васил Христов. Музиката е на Огнен Анастасовски.

Претставата ќе се емитува од 20 00 часот на каналот на Wonderland Theatre, на Youtube  и потоа ќе остане на истата за публиката да може и понатаму да ја гледа. Wonderland Theatre може да се следи и на инстаграм и  на нивната страна на фејсбук.

„Оваа претстава е направена во време на пандемија и нејзиното создавање е поврзано со периодот на карантинот. Секој ден откако ќе започнеше полицискиот час, екипата се собираше да пробува на интернет платформите за комуникација. Тргнавме од идејата односно започнавме дебати околу тоа што би се случувало доколку пандемијата потрае подолго време?! Каков би бил светот?! Како би функционирале ние во новонастанатите околности?! Што би се случувао со уметноста, а што со театарот?!

Дискутиравме, споделувавме разни сознанија и информации во однос на новите глобални околности и решивме да пробаме да направиме претстава во виртуелниот простор и да видиме што ќе добиеме како резултат на ова истражување. Екипата на крајот се договори да влезе во оваа не толку позната сфера и да одговори на предизвикот кој ова ново време го задава. Користејќи се со театарскиот пристап, но во виртуелниот свет, направивме  претставата која ги отвара темите на љубов, неверство, оттуѓеност на луѓето како и празнотијата и минливоста на животот. Сметавме дека во вакви кризни времиња овие теми се актуелизираат кај секој човек. Оваа приказна ни ја раскажуваат четворица актери кои постојано влегуваат и излегуваат од улогите. Сите играат определена улога, но истовремено се и наратори на приказната.

Од друга страна претставата отвара и еден друг документаристички аспект кој зборува за проблемита со кои се соочува, а и допрва ќе се соочува пост-пандемскиот театар. Интересно во однос на процесот е и тоа што екипата се нема сретнато во живо. Целата комуникација и создавање на претставата се одвиваа онлајн. Се што е снимено е снимено во домашна изолација и со приватни телефони на екипата. Претставата е направена за месец и дваесет дена и трае 50 минути. Оваа виртуелна претстава e наш придонес и уметнички израз во оваа ново настаната состојба.“, велат од Wonderland Theatre.

Next Post

Филипче: Вкупно само 8 пациенти се на респиратори, имаме целосен увид во ситуацијата на активните случаи и нивните контакти

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk