ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Д-р Стевановиќ: Ако не ги почитуваме препораките и ако никој не санкционира резултатот со бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде ист

Посочи дека има голем капацитет на нова болница, која е во непосредна близина на Клиниката, кој воопшто не е исполнет и изрази надеж дека нема да има потреба од негово користење за пациенти со Ковид-19.

June 9, 2020 22:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со препораки или без препораки, со високи или ниски рестрикции, ако одлучиме да не ги почитуваме препораките, ако притоа никој не санкционира, резултатот со бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде секако ист. Ова вечерва го истакна директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во емисијата Топ Тема на телевизијата Телма.

Таа рече дека очекува да имаат нови приеми и нови пациенти на Клиниката

– Би било несериозно да не се подготвуваме и да не размислуваме дека бројот на пациенти ќе се зголеми. Засега не се исполнети комплетно капацитетите на Инфективната клиника, уште има неисполнети капацитети во ГОБ „8 Септември“, каде многу сериозно и посветено работат, како и колегите на инфективните клиники низ државава, што значи сериозна помош да не се концентрираат болните на едно место, а да се остави простор за потешките болни каде можеби поголемите или пософистицирани услови на Клиниката може нив да им се обезбедат, посочи д-р Стевановиќ.

Посочи дека има голем капацитет на нова болница, која е во непосредна близина на Клиниката, кој воопшто не е исполнет и изрази надеж дека нема да има потреба од негово користење за пациенти со Ковид-19.

– Како доаѓаат нови пациенти, успеваме да излекуваме, да испишеме пациенти, така што таа бројка некако ја балансираме и верувам дека ќе успееме како досега, така и отсега овие болнички капацитети да ни бидат доволни. Претходно, најчесто доаѓаа исклучително тешки пациенти препратени од другите одделенија или донесени со Брза помош во нашата Клиника. Благодарение на апелите пред се пренесени преку медиумите дека е многу значајно и сериозно да се следат пациентите, а тоа матичните лекари навистина многу успешно го организираат и го следат во корелација со колегите инфектолози од нашата Клиника, пациентите редовно се преслушуваат и се следат нивните симптоми и евентуално влошување на овие симптоми, рече д-р Стевановиќ.

Стравувањето, потенцира, го чини своето, овие информации мислам дека стигаат се поинтензивно до луѓето, па неретко доаѓаат пациенти кои имаат далеку полесна симптоматологија и дури и немаат потреба да бидат хоспитализирани.

– И тоа е добро, затоа што тоа значи дека луѓето почнуваат сериозно да ја сфаќаат работата, иако мислам дека досега тоа требаше да се случи и да бараат помош. Многу е значајно лекарско око да го следи пациентот кој има Ковид-19, рече д-р Стевановиќ.

Таа нагласи дека тоа што е многу значајно е дека лекувањето на Ковид-19 е лекција која здравствените  работници во светот и кај нас ја учат од многу работи, многу ставови промениле, искуството го направило своето, и тоа има големо значење во движењето и во брзината на лекување.

Посочи дека во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 75 пациенти, немаат пациент кој е на механичка вентилација, имаат двајца пациенти кои користат машина, но не механичка вентилација во смисла на инвазивно интубирање.

– Од 75-те хоспитализирани, 25 пациенти имаат потреба од интензивна терапија со кислород, пред се поради промените на нивните бели дробови и воспаленијата, што Ковид-19 ги чини. Дали е тоа бројка што и утре ќе биде таква не можам да кажам. Дали некој ќе ја влоши здравствената состојба, тоа не ретко се случува многу нагло и брзо, но исто така и подобрување не значи дека нема да имаме. Секој ден е нова информација и нова состојба на одреден пациент, додаде д-р Стевановиќ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

June 14, 2025

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

June 14, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk