ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов: Низа злоупотреби и прекршоци докажуваат дека ДПМНЕ и Мицкоски се заглавени во режимска матрица

Во времето на режимот МВР под контрола на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да сокрие убиство. Денес, под структури на Наќе Чулев се обидуваат да ги сокријат прекршоците на Мицкоски.

June 9, 2020 13:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес конференција од седиштето на партијата ги посочи сите прекршувања на полицискиот час од страна на членови на опозициската ДПМНЕ, од грубото кршење на мерката за посета на објекти како теретани од страна на Мицкоски, до последниот случај со портпаролот на ДПМНЕ кој во време на полициски час и забрана за движење беше запрен најпрво на излез од Струмица во недела вечерта, а потоа и кај Штип.

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на целата здравствена криза покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски воопшто не е излезена од режимската матрица.

Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат самоволие, прекршување на мерките и забраните и злоупотреба на институциите во лични и партиски интереси.

Класично режимско однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри.

Во јавноста се појавија снимки на кои се гледа Мицкоски како влегува во затворен фитнес центар во придружба на припадници на МВР а некои од нив носат ракавици.

Наместо темелена и ефикасна истрага, Наќе Чулев веднаш побрза да го одбрани неговиот шеф, правдајќи го дека тоа била стара снимка, а ракавиците кои сите ги видоа Чулев се обиде да ги оправда како „отсјај од светлината“.

Но, на Мицкоски не му беше доволно тоа, па понесен од заштитата од Чулев свесно ги прекрши забраните и седнал во затворен дел од ресторан кои според мерките за заштита не смее воопшто да работи. Дека тоа била направено свесно и со умисла говори фактот што со него бил Љупчо Андоновски советник на Наќе Чулев, кој место да се грижи за почитување на мерките и забраните, тој прв ги прекршува.

Во времето на режимот МВР под контрола на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да сокрие убиство. Денес, под структури на Наќе Чулев се обидуваат да ги сокријат прекршоците на Мицкоски.

Но прекршоците и злоупотребите не се одлика само на Мицкоски. И портпаролот Димче Арсовски веројатно по стапките на својот шеф, не ги почитува забраните и протоколите. Во време на полициски час, односно 22 часот навечер во недела, спротивно на сите забрани, решава да се враќа од Струмица за Скопје, правдајќи го тоа со наводни „службени должности“.

Диме Спасов со службено возило се враќаше од ресторан и бегаше од полиција. Димче Арсовски денес злоупотребува дозволи за движење за приватни екскурзии.

И за сето време Наќе Чулев не презема ништо и преку злоупотреби на институцијата се обидува да ги спаси од одговорност неговите партиски пријатели.

А кога не го прави тоа, тогаш тој ја злоупотребува полицијата за притисоци и закани. Токму таков беше упадот на полицијата во хуманитарна организација во Струмица која делеше хуманитарни пакети.

Полицијата на Чулев се обиде да спречи хуманитарна акција, при тоа им се закануваше и со часови во полициска станица држеше млади волонтери.

Во времето на режимот полицијата упаѓаше во медиуми, денес структури на Чулев и Мицкоски упаѓаат во невладини организации и спречуваат хуманитарни акции.

Ова е почитувани само мал дел од режимското, антинародно и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Лажни вести, деструкција, злоупотреби на институции и конструирани случаи. Тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Со таква понуда можат да се надеваат само на пораз од граѓаните. Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот. Режим – никогаш повеќе, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Next Post

Нинџа за „27 април“: Спиро мобилизирал вработени во градинки и администрација, на Нинџа му се заканиле со иста судбина како Крпач „ако се предаде“

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk