ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Регулаторната комисија за енергетика ќе побара поставување броила со далечинско отчитување

Бислимоски најави дека ќе направат притисок постоечките броила да бидат заменети со броила со далечинско отчитување за во иднина да нема проблеми со фактурите за потрошена електрична енергија.

June 9, 2020 15:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

До Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) последниве денови пристигнуваат по 30-тина барања од граѓаните за коригирање на високите сметки од ЕВН, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и најави дека ќе направат притисок постоечките броила да бидат заменети со броила со далечинско отчитување за во иднина да нема проблеми со фактурите за потрошена електрична енергија.

-До минатата недела имавме околу 150 реакции, а сега околу 30-тина реакции на ден. Тоа се граѓани кои не доставиле реакција до ЕВН или решиле директно да се о братат до РКЕ. Ние во истиот ден ги препраќаме реакциите до ЕВН и за најголем дел од нив, ЕВН писмено нѐ известува дека ќе ги коригира фактурите соодветно на доставените податоци, изјави Бислимоски.

Тој нагласи дека вчера разговарале со Електродистрибуција, која е оператор на електродистибутивниот систем, за поставување броила со далечинско отчитување во целата држава. Во Општина Гостивар веќе е започнат пилот-проект и сите поставени броила ќе се менуваат со броила со можност за далечинско отчитување, а по добивањето на првичните резултати и анализи се очекува да биде спроведен и на територијата на целата држава.

-Во наредниот период ќе направиме поголем притисок на Електродистирбуција да почне процес на заменување на постоечките броила со броила кои имаат можност за далечинско отчитување. Веруваме дека на тој начин ќе немаме вакви проблеми во отчитувањето на потрошената електрична енергија. Броилата нема да бидат на трошок на граѓаните, туку наш трошок на компанијата како основно средство кое потоа РКЕ го зема предвид при определувањето на цените, потенцира Бислимоски./МИА/

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Нови детали за позадината на „27 април“, „ДПМНЕ и Мицкоски не се излезени од режимската матрица“ и останати вести

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk