ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Нова заштитна ограда на обиколницата Битола и обнова на 170 километри патна мрежа во пелагониско

Се гради во пелагонискиот регион, ја завршивме реконструкцијата на патот од Тополчани до Прилеп, се гради патот од Кадино село до Галичани, наскоро ќе почне реконструкцијата на патот од Битола до Меџитлија, се обновува регионалниот пат Крушево-Слива-Пуста река и други капитални проекти коишто се одвиваат со одлична динамика, истакна Сугарески.

June 9, 2020 21:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За околу два месеца треба да биде завршен проектот за поставување заштитна ограда во должина од еден километар на обиколницата на Битола, инвестиција во вредност од половина милион евра што треба да ја намали бучавата во тој дел и да ја зголеми безбедноста.

Увид во активностите на терен денеска извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов кои најавија дека годинава е предвидено да стартува обнова на 170 километри патна мрежа во Пелагонискиот регион, инвестиција од околу 27 милиони евра. За наредниот месец е планирана објава на тендери за обнова на седум регионални патишта во околината на Битола, Крушево, Демир Хисар и Прилеп.

Се гради во пелагонискиот регион, ја завршивме реконструкцијата на патот од Тополчани до Прилеп, се гради патот од Кадино село до Галичани, наскоро ќе почне реконструкцијата на патот од Битола до Меџитлија, се обновува регионалниот пат Крушево-Слива-Пуста река и други капитални проекти коишто се одвиваат со одлична динамика, истакна Сугарески.

Потенцираше дека поставувањето на заштитната и високобезбедна ограда со звучна бариера на обиколницата кај Битола ќе ја намали бучавата и ќе ја зголеми безбедноста на населението. Со тековните градежни активности за санацијата на свлечиштето  кај регионалниот пат Макази-Маркова Нога, посочи, проблемот ќе биде решен, а безбедноста на учесниците во сообраќајот и туристите голема.  Овој пат води до граничниот премин Маркова Нога, а министерствата за надворешни работи интензивно разговараат за отворање на преминот, наведе Сугарески.

– Заштитната ограда во должина од еден километар на обиколницата кај Битола е проект награден во Брисел како пример на звукозаштитна бариера изградена со еколошки материјали.Тоа е втората фаза од проектот, а со правата беше обновена обиколницата, потенцира директорот на ЈПДП Китанов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во Солун уапсени Бугари што оставиле бебе да плаче на балкон

June 17, 2025

Без вода населбата Бардовци

June 17, 2025
acpsk12.org

Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk