ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Датумот за избори е завршена приказна

Изборите ќе се одржат на 5 јули. Не затоа што на Заев му се брза (зошто би му се брзало?) или затоа што Мицкоски е исплашен. Правниот механизам се активира и му овозможува на системот да застане на нозе, а решението е: да се заокружи изборниот процес, за да можеме да продолжиме понатаму со животот. Вонредната состојба завршува за некој ден, а потоа изборниот процес продолжува. Едноставно и јасно. Неопходно.

June 10, 2020 13:58
in ДЕНЕС, ФРОНТ

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Датумот за избори е 5 јули. Тоа е завршена приказна. Едноставно, разумот и основното чувство и став за неопходноста на демократијата и владеењето на правото, може лесно да заклучи дека оваа наша држава веќе не може да си дозволи техничка влада. Особено не техничка влада што е составена како структура што треба да организира парламентарни избори, а не да се бори со тешка закана за здравјето и животот на луѓето. Тоа е како да сакате да летате со крилја од хартија, а авионот сте го заклучиле во хангар. Многу пати го кажав и го напишав ова.

Не е прашање на успешноста или неуспешноста на овој владин состав во справувањето со здравствената криза. Секој има право различно да го цени успехот или „отсјајот“ и на Венко Филипче, и на Наќе Чулев. Суштината е во тоа дека овој владин состав има времен карактер и различна намена, скицирана во Пржинскиот договор. Сосема различна приказна е и колку самото „пржинско“ решение е добро или не.

Едноставно, да повторам уште еднаш, за да се разбереме околу основните позиции – ова е техничка влада за организирање на избори. Точка. Или требаше, по примерот на еден „херој на демократијата“, да кажам Извичник…

Оваа држава веќе не може да си дозволи ни целосно отсуство на парламент. Од поинаква природа се и оценките за квалитетот на работата на парламентот. Има разочарани, па и гневни, а некои се задоволни или, пак, рамнодушни на парламентот. Но живееме во држава со парламентарна демократија. Затоа, како и да го оцениме, нам ни треба парламент. И толку. Ако нема парламент, нема ни демократија, колку и да се демократи луѓето во владата или колку и да е демократ македонскиот претседател. Ним, на владата и на претседателот, им недостига уште еден столб – парламентот. За да бидеме парламентарна демократија.

Познати се причините зошто не беше прифатена иницијативата за реактивирање на парламентот. А плата земаат, нели? Но и тоа е веќе стара приказна. Да погледнеме напред, во неизвесното утре за целата планета. Неподготвени сме. Немаме влада со полн капацитет на управување, немаме парламент за донесување закони и за демократска контрола на сите лостови на моќта.

Тоа е ситуацијата. Без да правдаме, фаворизираме или критикуваме некого, без инаети и кавги. Реалноста е таква – државата ни е само делумно функционална.

Ете, затоа, изборите ќе се одржат на 5 јули. Не затоа што на Заев му се брза (зошто би му се брзало?) или затоа што Мицкоски е исплашен. Правниот механизам се активира и му овозможува на системот да застане на нозе, а решението е: да се заокружи изборниот процес, за да можеме да продолжиме понатаму со животот. Вонредната состојба завршува за некој ден, а потоа изборниот процес продолжува. Едноставно и јасно. Неопходно.

Не постои ниеден правен, политички, здравствен, па ако сакате и морален аргумент со кој изборниот процес може да се сопре. Ниту техничката влада, ниту претседателот на државата немаат повеќе аргументи да ја продолжуваат вонредната состојба за борба против коронавирусот.

Ако вонредната состојба беше потребна за да се воспостави систем на заштита, сега тоа не смее да се претвори во мерка со која институциите, економијата и, воопшто, животот на луѓето ќе се фрлат во агонија без крај. Не е потребна вонредна состојба, за да се прогласи карантин на некоја општина, па и дел од општина, тоа е барем познато.

И повторно, оценките за спроведувањето на вонредната состојба се важна, но сосема поинаква приказна. Без оглед на политичките определби или симпатии, важно е да се знае дека веќе нема потреба од вонредна состојба, туку од продолжување на животот. Нормализација. А прв чекор кон нормалниот живот се изборите.

А колку ќе биде безбедно да се гласа со вакви бројки? И тоа е лесно прашање. Но да го оставиме одговорот за утре. До тогаш, мијте раце, носете маска и одржувајте го растојанието. Спасете живот. Извичник…

Next Post

Ахмети појасни: Идејата за премиер Албанец е сон кој останува за следните генерации

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk