ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полициска бруталност врз бездомници, од МВР велат – пуштаа гласна музика и беа насилни!

June 10, 2020 23:52
in ОПШТЕСТВО

Во недела, за време на полициски час дваесетина припадници на интервентната полиција при нивната интервенција употребиле физичка сила врз бездомниците кои живеат под Железничка станица во Скопје. Бездомиците за ЦИВИЛ Медиа раскажаа дека еден бездомник кој не живее во тоа маало, дошол пијан кај нив и побара да му пуштат музика, за што реагираа жителите од околните згради, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

„Кога дојде полицијата побараа да се изгасне музиката и ние веднаш ја изгаснавме, но лицето Харун, (кој инаку е познат на полицијата бидејќи често знае да прави проблеми и инциденти), почна да се расправа со полицајците и тие повикаа засилување. За неколку минути дојдоа околу 20 алфи, со пет-шест возила и без да прашат што се случува веднаш почнаа да нè удираат. Не бираа дали маваат мажи, жени, стари или деца“, вели бездомничката Сузана Демир, која се пожали дека има модринки на рацете од тепањето.

Емран Аслан сопругот на Сузана вели дека биле тепани за ништо, односно само затоа што пуштиле гласна музика за време на полициски час.

„Тоа што дојдоа полицајците да ни кажат да ја изгаснеме музиката беа во право и ние ја изгаснавме, но кога дојдоа алфите никого не прашаа ништо, само што излегоа од возилата веднаш почнаа да нè удираат, а нас мажите нè земале во полициска станица во Аеродром“, вели Аслан.

Останатите жители не сакале од страв да зборуваат пред камера, велат дека сега кога ќе слушнат и мачка или куче да тропне надвор тие се потресуваат, бидејќи мислат дека повторно дојдоа полицајците да ги тепаат.

Една мајка вели: „Детето од тој ден, среде спиење станува и почнува да плаче и се тресе од страв. Едвај го смирувам. Тука има десетина мали деца кои имаат трауми од тој ден, бидејќи плачеа, врескаа и бегаа да се скријат од полицијата“.

Еден тамошен жител кој не сакаше да зборува пред камера, вели: „Став ми е многу, се плашам повторно да не дојдат да нè тепаат. Нема кој да не заштити. Нема кому да се пожалиме“.

ЦИВИЛ Медиа побара одговор за овој случај од Министерството за внатрешни работи од каде ни одговорија дека на 07.06.2020 година околу 18,30 часот позади објектот на ПИОМ на кејот покрај реката Вардар, од полициски службеници од Полициската станица Аеродром, биле преземени мерки и активности по пријава од граѓанин за констатирани прекршувања на полициски час од група на граѓани кои биле собрани на јавно место и го нарушиле јавниот ред и мир со пушање гласна музика. Потоа пет лица, најпрво дрско се однесувале кон полициските службеници по што физички ги нападнале, а едно од нив фрлило со камен кон полициското комбе.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и сторен прекршок „омаловажување на полициски службеник“,  од слобода биле лишени А.Б.(27), А.М. (23), А.А.(30), Е.А.(30) и Х.Ј.(44), сите од Скопје. За омаловажувањето на полициските службеници, на петорицата лишени од слобода, поднесени им се записници за констатиран прекршок согласно член 13 од Законот за прекршоците против јавен ред и мир, додека поради непочитување на полицискиот час и препораките на Владата за справување со пандемијата на Ковид 19, со што е сторено кривично дело, по комплетирање на документацијата ќе им биде поднесена кривична пријава согласно член 206 од Кривичниот законик“, велат од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Инаку, на 4 јуни, три дена пред да се случи настанот со бездомните лица, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, остварил средба со претставници на неколку ромски невладини организации за како што вели разговарале за „говорот на омраза кон ромската заедница како марганализирана група во општеството, проблемот со децата на улица, семејното насилство...

Дали навистина МВР ќе застане во одбрана на најзагрозените, во случајот бездомниците Роми, или Ромите ќе се (зло)употребуваат само за „сликање“ пред избори?

Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Ако нема нова вонредна состојба, избори на 5 јули

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk