ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ССМ: Министерот Чулев формира паралелен синдикат во МВР со цел замолчување на Македонскиот полициски синдикат

Cо тоа се крши Конвенцијата 87 за слобода на здружување и затоа сме приморени да ги информираме сите релевантни домашни и странски институции и ќе побараме помош за немешање на институциите од власта во организирањето и дејствувањето на ССМ, рече Димовски.

June 10, 2020 12:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција побара министерот Чулев, како што рече, да ги тргне рацете од синдикатот и обелодени дека седниците на највисоките тела на Синдикатот – Советот и Претседателството, се одржуваат со присуство на инспектори од МВР.

– Тоа за нас е недопусливо бидејќи со тоа се крши Конвенцијата 87 за слобода на здружување и затоа сме приморени да ги информираме сите релевантни домашни и странски институции и ќе побараме помош за немешање на институциите од власта во организирањето и дејствувањето на ССМ, рече Димовски.

Информираше дека во изминатите две недели тој лично двапати бил викнат во полициска станица и бил информиран дека против него е поднесено кривична пријава.

– Никој не може да му се заканува на синдикатот. Имаме програмски определи и ќе ги исполнуваме, рече Димовски, упатувајќи апел дека мора да се почитуваат законите и Општиот колективен договор и Законот за работни односи да биде темелот на рабптничките права.

Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев посочи дека во март на состанок во Кабинетот на министерот добиле директна закана дека доколку не претстанат со нивните барања, ќе биде формиран нов синдикат.

–  За жал, заканата што ја добивме во Кабинетот на министерот почна да се исполнува. На 29.04 во МТСП е регистриран нов, трет синдикат на полицијата и на 13.05 е запишан во Централниот регистар, а на  2.06 со договор спротивен на законските прописи и колективниот договор на МВР ја крунисаат соработката, истакна Кицев, барајќи од Владата да го поништи овој договор.

Посочи дека во изминатиот период набавиле и поделиле заштитна опрема во маски, визири и средства за дезинфекција за нивните колеги на терен.

– Направивме работи на терен што требаше да ги направи МВР, рече Кицев./МИА/

Next Post

Шекеринска: Честит Ден на Воздухопловниот ВИНГ (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk