Пост на Фејсбук на претседателот на СДСМ, Зоран Заев:
Изградбата на браната Конско во Општина Гевгелија ја започнавме пред две години, а денеска е завршен околу 60% од проектот. Ова е инвестиција вредна 40 милиони евра која ќе биде целосно реализирана до крајот на годината.
Со браната Конско ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење и наводнување на земјоделските површини во регионот. Исто така, овозможуваме производство на електрична енергија, но и вода за дотур за спас на Дојранското езеро. Со сето ова обезбедуваме економски развој и поквалитетни услови за граѓаните во гевгелискиот регион, напиша Заев на Фејсбук.