Бројот на нови случаи од коронавирус во Шведска денеска достигна рекордни 1.474, а надлежните тврдат дека до порастот дошло поради зголемениот обем на тестирање.Бројот на заразените сега достигна 48.300, а вкупниот број на починати, кој денеска се зголеми за 19, е 4.814, што во однос на бројот на жители е повеќкратно зголемен отколку во соседните нордиски земји, но и нешто понизок во однос на најтешко погодените европски држави како Шпанија, Велика Британија и Италија, пренесува Ројтерс.
И покрај гласните критики кои доаѓаат од опозицијата поради бавното зголемување на обемот на тестирање, владата на Шведска минатата недела со таа цел, како и за следење на контактите на заразените, вети дополнителни 639 милиони долари.
Така бројот на тестираните минатата недела достигна рекордни 49.200, додека минатата недела се тестирани 36.500 лица.
Според официјалната статистика, дневниот број на починати со неделниот просек од околу сто кон средината на април, на почетокот на јуни падна на 37, а се намалува и бројот на оние кои се лекуваат на одделенијата за интензивна нега за пациенти од ковид-19.