Средбата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски кај претседателот Стево Пендаровски завршила без договор.
„На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции.
На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе“, соопштија од Кабинетот на Претседателот.