ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Докторот што ја породи заразената пациентка ќе биде тестиран идната недела (исправка)

June 12, 2020 21:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На Гинеколошко-акушерска клиника (ГАК) во саботата била примена родилка (родена во 1992 година), која се претставила како лекарка и која сокрила дека нејзиниот свекор, со кого живеат во иста куќа, е позитивен на Ковид-19. Родилката не дозволила да ѝ сe земе брис за тестирање. Таа самоволно ја напуштила клиниката и заминала во „Ремедика“, каде што се породила со царски рез. И во „Ремедика“ сокрила дека доаѓа од семејство со заразен од Ковид-19. Таму при прием ѝ е земен брис, но позитивниот резултат на тестот дошол откако се породила. Веднаш била испратена на Инфективна клиника, а седум вработени во „Ремедика“ биле ставени во самоизолација.

Докторот кој ја породи се тестираше и испадна позитивен на Корона-19. Редакцијата на „Фронтлајн“ го контактираше докторот, кој нѝ изјави: „Не сум толку гневен на пациентката бидејќи секој си бара решение. Ќе лаже, ќе манипулира, сè ќе направи. Меѓутоа, во време на пандемија, во вонредни услови, некои права се суспендираат. Такво е и правото на користење здравствени услуги, да се прави избор. Со владина уредба сега изборот нѝ е малку поинаков. Ако со владина уредба таа институција е одредена за третман на трудници со Ковид, како ја пуштаат, каде ја пуштаат, каде, во Кожна клиника?! Четири куќи се во Скопје кои се бават со гинекологија. Зарем не требаше, од колегијалност, од етички причини, да се сврти телефонот кај останатите три гинекологии и да се каже – колеги, таа и таа излезе од кај нас, вардете се, ќе ве лаже и вас, што, всушност, и се случи.

Не ми е јасна постапката на колегите од  ГАК. Во ГАК и даваат за право да потпише некоја изјава, која, патем, сега веќе ја нема, и да си замине од болницата. Е па, не може така! Не по 160, по 1.600 заразени на ден ќе има, ако вака постапуваме. Не можам да ги сфатам моите драги колеги, кои во оваа ситуација имаа шанса да нѐ заштитат нас, а тоа не го направија. Ги потенцирам овие пропусти во комуникацијата меѓу болниците и лекарите, пропусти кои земаат свој данок. Не ми е целта сега да оцрнам или обвинам некого, туку ова го кажувам за да не се повтори“ – вели докторот, заклучувајќи – „Свеста е многу дискутабилна категорија. Кога ја немаме ние интелектуалците, ако можам така да нѐ наречам, што да очекуваме од другиот дел од населението? Со сета почит кон сите, не сакам да ги делам луѓето на образовани или необразовани, меѓутоа, кога еден дел од нашето население за кое можам да кажам дека се интелектуалци вака постапуваат, што останува за другиот дел?“

Според докторот, „некој треба јасно да каже дека сите суспектни или позитивни на коронавирусот одат во ГАК.  Да има комуникација меѓу куќите, да се соработува во смисла на тоа да се чуваме еден со друг. Да има санкции за оние кои манипулираат доктори. Колегите во Чаир и во ГАК не се заразени од непочитување на правилата, туку затоа што дошла некоја ваква, лажела, лажела, и толку.“

На прашањето како се чувствува, тој одговори: „Сега-засега сум добар, но не е баш пријатно ова исчекување, не е воопшто пријатно. Јас сум свесен дека во оваа професија може ова да ми се случи. Меѓутоа, зошто е должно моето семејство да го трпи ова? Која е нивната грешка?“

 

 

ДОПОЛНУВАЊЕ, 23:50 ч.

Докторот во „Ремедика“ ќе биде тестиран дури идната недела, во моментов е во самоизолација

По повторните проверки на информациите и изјавите поврзани со текстот „Докторот што ја породи заразената пациентка позитивен на тестот за Ковид-19“, Редакцијата утврди дека се работи за навидум мала, но значајна грешка во обработката на информациите.

Имено се работи за сомнеж, односно за тест кој не е признаен и врз чија основа не може да се тврди дека некој е позитивен или не. Докторот, за кој денеска пишуваше Фронтлајн, ќе биде подложен на тестирање дури идната недела, а во меѓувреме е подложен на здравствените протоколи, односно е во самоизолација.

Им се извинуваме на читателките и читателите, како и на болницата „Ремедика“ за настанатата грешка. За новите информации во врска со овој случај, ќе пишуваме веднаш штом добиеме нови, официјални информации.

Редакција Фронтлајн

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави Трамп

June 15, 2025
Генерирано со ВИ

Мерц: Иран не смее да има нуклеарно оружје

June 15, 2025

Сијарто!

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можно е да биле уништени важни докази за пожарот во Кочани, велат од СДСМ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk