Министерот за здравство, Венко Филипче преку пост на Фејсбук се заблагодари за донацијата од 20 тони дезинфекциони средства кои се распределени во здравствените установи. Филипче нагласи дека во Министерството за здравство има и голема резерва од заштитни маски, ракавици и мантили и упати благодарност до сите кои на било каков начин помогнале и сѐ уште помагаат во борбата со коронавирусот.
Се заблагодарувам на компанијата „Сеавус“, која ни донираше 20 тони средства за дезинфекција. Оваа донација ја распределивме по јавно-здравствените установи, за да ги заштитиме нашите пациенти и вработените.
Имаме резерви на заштитна опрема, и тоа над милион маски, ракавици, мантили, само во магацините на Министерството. Упатувам огромна благодарност до сите граѓани, компании, организации, амбасади, институции кои во изминатиот период беа со нас и ни помогнаа и помагаат во справувањето со коронавирусот. Само заеднички може да го спречиме ширењето на овој непредвидлив вирус, напиша министерот Филипче на Фејсбук.
А. Н. С.