Во гостувањето на Телма, националниот координатор за европски интеграции во Владата, Бојан Маричиќ ги истакна деталите околу методологијата на престојните преговори со ЕУ и новата рамка искреирана за преговарање со двете земји, Северна Македонија и Албанија.
Ова се специфични преговори, односно старт на преговорите затоа што се случуваат по нова методологија. Треба да се одобри таа методологија која што принципиелно, начелно беше одобрена, меѓутоа сега треба да се операционализира. За прв пат ЕК составува преговарачка рамка за две држави, Северна Македонија и Албанија според новата методологија.
Во таа нова методологија требаше да се операционализираат неколку битни принципи кои што се значајни за одредени држави членки, особено за Франција и таа методологија подразбираше една крупна тема, нова тема, а тоа е принципот на реверзибилност или повратност во процесот, вели Маричиќ за Топ Тема.
Тоа значи дека ако некоја држава не напредува доволно или назадува во одредена област да има правен механизизам во рамките на преговарачкиот процес којшто ќе може да ја врати државата на почеток во некое поглавје или кластер, вели тој.