ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Д-р Караџоски: Нема да се зарази тој што гласа, туку тој што не ги почитува мерките

June 14, 2020 18:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџоски се најде во фокусот на интересирањето на јавноста, откако бројот на заразени почна драстично да расте, откако непочитувањето на мерките за заштита доби загрижувачки размери и, особено, откако одржувањето на предвремените парламентарни избори беше доведено во директна зависност од одлуките и препораките на Комисијата. Во интервју за Слободен печат, Караџоски вели дека Ги обвинувам и граѓаните за непочитување на мерките, но и сите други.

Бројот на заболени секојдневно се зголемува и се отвораат нови кластери. Ви забележуваат дека ги обвинувате граѓаните за тоа?

– Ги обвинувам и граѓаните за непочитување на мерките, но и сите други. За време на првомајските празници ние како стручна комисија издадовме соопштение за мерки на претпазливост, но Главниот кризен штаб и Владата усвоија нешто сосема друго. Потоа бевме непријатно изненадени кога се случи Литијата во Струга, во која имаше целосно непочитување на превентивните мерки за спречување на респираторната инфекција. И за бајрамските празници Комисијата сугерираше да се предложи мерка за спречување на вирусот, со тоа што ќе го ограничиме дружењето со обврзно носење маска, со држење дистанца. Очекувавме дека нема да има тактизирање во донесувањето на одлуките. Но, видовме непочитување на мерките од страна на наши сограѓани од исламска вероисповед во одредени делови од Скопје, но и на ниво на државата.  Тоа доведе до проширување на вирисот меѓу населението, прво во фамилијата, па во најблиското соседство и пошироко. Непријатно сум изненанден, дури и револтиран поради неспроведување  на мерките на домашни свечености. Какво е тоа организирање свадба со стотици гости или организирано јадење мекици по повод новороденче или славење матурски вечери? А од друга страна очекуваме полицијата да биде таа што ќе контролира што се случува во државата.

Дали полицијата контролираше доволно и соодветно?

– Во некои сегменти да, особено на почетокот кога го спречуваше движењето во полициски час. Но, преку ден кога имаше забрана на движење можевме да видиме деца на улица, луѓе кои купуваат непречено во маркетите и слободно се движат, а полицијата стои до нив и не реагира. Свесни сме дека над 85 проценти од граѓаните се однесуваат совесно кон себе и кон другите, но мора да се знае кој ја шири инфекцијата. Тоа се главно младите до 30-40 години кои и несвесно го шират ковид 19 и не занејќи дека се асимптоматични носители на вирусот. Асимптоматските на нозе, како лесна настинка, ја прележуваат инфекцијата, некогаш и не знаејќи дека се носители.

Зошто значителен број сограѓани сепак не ги почитуваат мерките за заштита?

– Дваесет проценти од нив воопшто не веруваат дека има ковид вирус. За тоа придонесуваат и некоректните изјави дека вирус не постои и дека е тоа политичка измислица за да и наштети на економијата, или дека некој што е моментно на власт се обидува да добие политички поени. Апсолутно се спротивставувам на сите овие мислења. Комисијата не  е партиско тело, и не спроведува ниту партиски, ниту религиски одлуки.

Дали по последната прес-конференција се чувствувате навреден, зашто понекогаш изгледа како да полемизирате со некој кој ве обвинува?

– Не сум навреден што последниве денови по мене се фрлаа дрва и камења. Ме обвинуваа партиите, но јавноста мора да сфати дека Комисијата работи согласно критериуми, според струка, наука и свој бекграунд. При секое донесување одлука имаме „сочна“ расправа и ниедна не е донесена едногласно, ниту пак затоа што нејзиниот претседател така решил. Дополнително, што јас како претседател не сум највисока функција, туку има уште три над мене – началник, раководител и директор. Инаку, мојата стручност е неспорна. Имам над 35 епидемии зад мене. Затоа на почеток предвидов дека ќе имаме над 2.000 позитивни и 150 до 200 смртни случаи.

Дали можеше да се направи повеќе околу информирањето на граѓаните, околу транспарентноста?

– Што повеќе? Па, сведоци сме дека медиумите имат секојдневен брифинг од министерот за здравство. Дали во последниве 20 години некој министер за здравство излегол повеќе во јавност со дневен брифинг за актуелна состојба и дали некој од почетокот на кризата има нешто скриено, некој резултат или број на тестови, на позитивни? Дали сме можеле да ги филуваме резултатите или да ги скриеме? Да, сме можеле. Но, што би добиле? Во еден ден ќе ни се преполнат болниците со стотици болни, иако ќе речевме дека имаме само пет позитвни. Не, уште на почеток Комисијата за заразни болести одлучи да биде стопроцентно транспарентна, дека ќе ги објавува резултатите каква и да е состојбата со короната.

Се води голема политичка битка за датумот за изборите, која се темели на здравствената состојба. Дали Комисијата има изготвено протокол за избори и за кој период?

– Да, комисијата доби задача да изготви изборен протокол. Никој никогаш не ни рекол кога ќе бидат изборите. ДИК во полн состав беше повикана кај нас, а од нас беше побарано да им дадеме критериум за да се спроведе изборниот ден. Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Но, ние кажавме дека не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Само кажавме кои критериуми треба да се задоволат за да се спроведат. И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, за дистанца, ако носи маска или ако се дезинфицира. Значи, направивме протокол кој важи кога и да се одржат изборите.

Целото интервју тука.

Next Post

Од вторник почуваат уписите во прва година во средните училишта

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk