Голем дел од лицата кои треба да одат во самоизолација одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација, по разни основи, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук, а и истото го најави и на денешната прес-конференција.
„Се соочуваме со проблеми околу решенијата. Некои одбиваат и затоа што решенијата не се двојазични, но има други најразлични причини зошто не ги примаат решенијата. Потоа даваат грешни информации, грешни адреси, грешни телефонски броеви и тоа навистина ја отежнува работата. Побаравме помош од Собранието од правната служба за издавање и го разгледуваме законот за управна постапка и размислуваме јавно да ги објавуваме лицата кои се во изолација. Тоа многу брзо ќе го решиме“, рече Филипче на денешната прес-конференција.