Изолацијата и времето на криза можат да имаат значително влијание врз комуникацијата. Изолираните групи покажаа знаци на развој на различни акценти, за една работа. Значи, кога станува збор за дискутирање на ефектите што Ковид-19 ги има врз јазикот, прашањето не е дали, туку во колкава мерка ќе има влијание. Пишувајќи во „Вол Стрит Џурнал“, Алина Дизик истражува друг начин – како коронавирусот ја смени е-мајл комуникацијата, издвојува „Insidehook“.
Написот на „Дизик“ се фокусира на деловна е-пошта и како сегашните околности предизвикаа тоа брзо да се промени. Една од главните поенти во статијата е дека сегашнава криза ги направи попорозни границите помеѓу деловната и личната комуникација преку е-пошта.
Лингвистичките поместувања што ги покрива Дизик укажуваат на привремена пауза во некое однесување – електронска пошта со малку преголем ентузијазам.
На пример:
Основачот на агенцијата за дигитален маркетинг, Брајан Металф, им укажува на своите вработени, сите пораки да ги прават кратки и да се држат настрана од користење на деловни жаргони, како што се „синергистички можности“ или „вкрстено промовирање“. На Инстаграм, тимот на г-дин Меткалф создаде пост „Линго Бинго“ за да се забавува на јазикот што го гледаат луѓето, како го користат за време на пандемијата, со квадрати за „Ние се дружиме таму“ и „Кои се вашите точки на болка“ за да демонстрираат како комуникацијата се менува
Сепак, изнаоѓањето правилен баланс помеѓу јазикот што е соодвете за работа и нивото на објективност и искреност, соодветно на времето во кое живееме, не е секогаш најлесната задача. Дизик разговараше со Гретчен МекКолох, чија книга „Затоа што Интернет: Разбирањето на новите правила на јазикот“, разгледува некои од овие прашања.
Фразите како „Се надевам дека те наоѓам во добро“ помалку се употребуваат, од многу разбирливи причини.
Што се случува кога јазикот брзо се менува?
Сите сега имаме шанса да го видиме тоа од прва рака.
извор: Insidehook
Ј. Ѓ.