Од 15 јуни заклучно до 22 јуни, среда, Претседателот да прогласи вонредна состојба, бара Владата. На експресна седница вечерва, бил усвоен овој предлог.
Барањето на владата за вонредна состојба доаѓа по договорот на Заев и Мицкоски за избори на 15 јули, среда, за што треба измена на изборниот законик. Владата планира да го донесе со уредба со законска сила.
Владата на Република Северна Македонија на вечерашната 67-ма седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни.
Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, со мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација што ја зафати и нашата држава.