ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска – Галовеј: Соодветната монетарна политика, загарантираната ценовна стабилност и стабилноста на денарот се еден од најцврстите столбови на македонската економија

June 16, 2020 14:07
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Соодветната монетарна политика, загарантираната ценовна стабилност и стабилноста на денарот се и ќе бидат еден од најцврстите носечки столбови на македонската економија. Подготвеноста на Народната банка соодветно да го користи просторот за делување и во текот на корона-кризата да презема навремени и ефикасни монетарни мерки е од големо значење за ублажување на неповолните ефекти врз реалната економија. Макроекономските проекции на Народната банка за оваа година упатуваат на инфлација од нула отсто, а пад на економската активност од 3,5 отсто, според основното сценарио, додека наредната година се очекува постепено закрепнување, под претпоставка дека ќе има стабилизирање на состојбите со корона-кризата во македонската економија, но и погенерално кај нејзините најзначајни трговски партнери, што е особено значајно за извозниот сегмент.

Ова, како што соопшти Народната банка, се дел од констатациите што беа споделени на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Британија, Рејчел Галовеј, којшто се одржа телеконференциски.

На состанокот се дискутираше за макроекономските проекции на Народната банка, монетарната политика и мерките што Народната банка ги презеде по отпочнување на корона-кризата, како и за макроекономската стабилност. Дополнително се разговараше и за активностите поврзани со финансиските технологии.

Во дискусијата за мерките што Народната банка ги презеде по отпочнување на корона-кризата, одделно се коментираше за очекуваните ефекти од намалувањето на основната каматна стапка и ослободувањето ликвидност во банкарскиот систем, како и за овозможувањето поповолни услови за отплата на банкарските кредити од страна на кредитокорисниците погодени од кризата и стимулирање натамошно поповолно кредитирање, особено на погодените сектори.

Ангеловска-Бежоска истакна дека ценовната и финансиската стабилност и натаму остануваат приоритети, а дека дополнително, во рамките на просторот за делување и согласно со надлежностите, Народната банка ќе придонесува и за економското заздравување за да се надмине кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Во тој контекст беше споделено и мислењето дека е исклучително важно што монетарната стратегија на Народната банка е оптимална за македонската економија и компатибилна со нејзините структурни карактеристики. Искуствата од претходните епизоди на криза потврдуваат дека задржувањето на стабилноста на денарот е клучна за брзото стабилизирање на очекувањата на домашните субјекти и со тоа за спречување на поголеми негативни ефекти врз реалниот сектор.

Во однос на активностите што се преземаат за поттикнување и поддршка на примената на финансиските технологии, одделно се дискутираше и за активностите на т.н. Порта за иновации – платформата за комуникација на Народната банка со финтек-секторот, којашто интензивно работи и во периодот на корона-кризата, со голема ангажираност на стручен тим од Народната банка. Во тој контекст се дискутираше и за примената на финтек во банкарскиот сектор, како и за националната Стратегија за примена на финансиските технологии, на којашто Народната банка ќе работи оваа година.

Кон крајот на состанокот, Ангеловска-Бежоска и Галовеј искажаа задоволство што во текот на досегашните дваесет и седум години билатерална соработка меѓу двете земји, комуникацијата помеѓу Народната банка и Британската амбасада се одвива на високо професионално ниво, како и увереност дека таквата комуникација ќе продолжи и понатаму.

Next Post

Презакажана седницата на ДИК

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk