– Од лансирањето на МојДДВ во јули 2019 година до март 2020 година, односно за 9 месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра, од кои повеќе од половина е поврат извршен за периодот јануари-март 2020 година, пишува на ФБ министерката за финансии Нина Ангеловска.
Таа нагласува дека од тромесечие во тромесечие повратот на ДДВ кон граѓаните е поголем, што значи дека борбата против неформалната економија зајакнува.
Така, октомври-декемеври 2019 повратот е повисок за 35,8% во однос на претходното тримесечје,
јануари-март 2020 повратот е повисок за 37.8% во однос на претходното тромесечие, истакнува Ангеловска.
„И бројот на граѓани кои скенираат сметки се зголемува. Така, за К3 2019 поврат добиле 155.664 граѓани, за К4.2019 поврат добиле 188.135 граѓани, за К1 2020 поврат добиле 232.716 граѓани.
Отсега граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи наместо 15% ќе добиваат 20% поврат на ДДВ, додека за останатите повратот ќе изнесува 10%. МојДДВ освен во борбата против неформалната економија ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија.“ потенцира министерката Ангеловска.