Втората годишнина од Преспанскиот договор е пример за светот како се надминуваат различностите од минатото, заради подобра иднина, напиша на Твитер, американската амбасадорка во земјава, Кејт Бирнз.
Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа.