ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Демагогијата и политичкиот имунитет

June 17, 2020 09:28
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Го читам на некој од опозициските портали вчерашниот партиски став на опозицијата: „Факти на денот: Заев и Филипче се неспособни, им се случи втор пик во јуни, нема да можат да се справат со трет во септември!“

Во една малку попросто-проширена реченица, собрана целата политичка демагогија што ја следи епидемиската криза во државава.

Еве, да речеме, „факт е“ дека Заев и Филипче се, навистина, неспособни. Па и како такви, зошто НИМ им се случил „втор пик во јуни“?! Да беа способни, немаше да ИМ се случи?! Да нè одат со кофи ковид наоколу и прскаат вирус по граѓаните?

Или: ајде, за Филипче ми е јасно, тој е активен министер за здравство, може да биде прозван и за тоа дали медицинските сестри знаат да облечат заштитна опрема (?!); но, зошто на Заев да МУ се случил вториот пик, а не на Чулев?! Или тој, ако веќе треба да се прозива некој министер, има природен партиски имунитет, ја „прележал“ одговорноста за ширењето на епидемијата?

Потоа: „…нема да можат да се справат со трет (пик) во септември“… Само ЕДЕН ден откако едвај (со повторно влечење за уши) се согласија да одат на избори во јули, наместо како што тие предлагаа во октомври – опозицијата сега нè заплашува дека ќе има трет пик во септември, кога тие нè убедуваа дека наесен ќе биде побезбедно за гласање отколку во јули?!

Оваа иритантна демагогија трае континуирано, од почетокот на здравствената криза до денес…

Колку за илустрација, на 22 март Мицкоски бараше итно „воведување на построг полициски час, најмалку од 18 часот, за да има суштина со него и да се направи ред, час поскоро!“, тврдејќи дека „мора за миг да се испразнат улиците за да се скенира состојбата“… Месец дена подоцна, на 27 април, Чулев бара да нема карантин за 1 мај бидејќи „секое ограничување кое ќе биде построго и поригорозно, негативно ќе се одрази на граѓаните. Граѓаните се одговорни, совесни и генерално ги почитуваат мерките за ограничување на движењето“… На 7 мај Чулев изјави дека „кажав и на Влада и на социјалните медиуми, притисокот е бескрупулозно да ги казнуваме граѓаните за ограничувањето на движењето и за сите други мерки“, за две недели подоцна, на 21 мај да изјави дека „мојот став е дека секое продолжување на ограничување на движењето на луѓето, вклучително и овој пат кога е во траење од 58 часа, не е добро од причина што граѓаните се под интензивен притисок бидејќи овие мерки траат повеќе од два и пол месеци и секое продолжување на движењето не е добро за нивното психофизичко и ментално здравје“… По што Мицкоски, на 25 мај, практично, ги охрабрува граѓаните за „најпригодно“ спроведување верски собири, велејќи дека „ги почитувам сите верници бидејќи и јас сум верник и го почитувам правото на сите верници, посебно на така големи и значајни верски празници како што беа Велигден, Рамазан Бајрам, да на начин на кој што мислат дека најпригодно треба да го поминат тој ден, да го поминат, и тука немам никаква дилема.“

А само по пет дена, на 30 мај, да тврди дека „поради лошото менаџирање и политичкиот притисок на еден човек, Македонија веќе го живее вториот бран на коронавирусот, а земјата најлошо се справува со кризата“!

Опозицијата, всушност, не е сигурна што треба да се прави во време на светската пандемија. Нејзините ставови за време на критичните, од епидемиски аспект, световни и верски празници – како и бесрамно неодговорните ставови на видните верски лидери во земјава – недвосмислено придонесоа за конфузија во јавноста и за мислењето на дел од граѓаните дека состојбите и не се толку епидемиолошки сериозни, ако вирусот, воопшто, и постои.

Ставот на Чулев дека МВР треба што „полабаво“ да се однесува кон кризата и опозициското поттикнување празниците „најпригодно“ да се поминат – плус личното кафеанско и теретанско однесување на Мицкоски – се недвосмислено дел од причините за ширењето на вирусот.

Се разбира, опозициите постојат за да ја критикуваат власта – но, не систематски да одмагаат со ширење конфузии, хистерии и црни пропаганди, со лично и политичко неодговорно однесување, во време кога, навистина, поминуваме низ втор, а наесен ќе дочекаме и трет епидемиски бран.

Затоа на Македонија ѝ треба одговорна политичка влада во која министерот за внатрешни, во име на опозицијата, нема да биде во сериозна дисонанца со барањата на здравствените власти, бидејќи видовме дека и само неколку денови во помасовно неспроведување на мерките, прават сериозна епидемиолошка разлика со смртни последици.

Здравственото ковид-портфолио на опозицијата воопшто не е за фалење. И тие се дел од причините зошто на сите НИ се случува втор епидемиски пик. Туку, кога веќе не помагаат, би можеле барем да ја сменат реториката?


Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

May 14, 2025

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025

(ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk