ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Денот кога ја напуштивме мрачната историја

June 17, 2020 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

И ете, веќе две години пишуваме и говориме македонски, во македонска држава во која живеат Македонци, се разбира и сите други заедници. Не сме ФИРОМ-ци, не го говориме јазикот, некојси, на ФИРОМ, не живееме во ФИРОМ или БЈРМ држава. Тие кратенки што подразбираа припадност кон непостоечка држава, заминаа во историјата на 17 јуни 2018 година. Навистина, кратенката, „привремената референца“ што ја носевме речиси три децении како пердуви на казнети и посрамотени или како ознака на вирус, болештина, во себе упатуваше дека не сме дел ни од самите себе, туку од поранешна, непостоечка држава, распадната низ ѕверско крвопролевање. Бевме светски потсетник на болест, распаѓање. Тоа веќе не сме.

Можеше ли да биде подобро? Секако дека можеше, макар малку, да не беше криминално-лудиот националистички и кичерајски проект Скопје 2014. Да не беше социјалниот инженеринг, прво амебите, па ние, да не беше фабрикувањето на неквалитетна и плитка, а секако крадлива историја и сегашност… Секако дека ќе беше барем за нијанса подобра нашата позиција во последната фаза на преговорите за надминување на апсурдниот тридецениски грчко-македонски спор.

Мора да се одбележи, да не беше криминалниот и налудничав режим кој го одржуваше мачниот ФИРОМ-ски статус-кво, тоа ќе му помогнеше и на добриот Алексис Ципрас да направи и повеќе отстапки и да не ја плати високата политичка цена за својата отвореност и пријателство – со изборен пораз во Грција. Веднаш по договорот во Преспа, нашиот пријател Алексис ќе добиеше уште еден мандат во кој процесите и градењето на грчко-македонското пријателство ќе одеше уште побрзо и уште подлабоко. На повеќе начини, Алексис се жртвуваше себеси за општото добро и на својата и на нашата земја. И во преговорите, се согласи на нешта за кои не можеше да се замислат дека грчката страна било кога би ги прифатила.

И нашата македонска страна покажа историско разбирање и далекувидост. На тој 17 јуни 2018 година, ФИРОМ стана Република Северна Македонија, држава со печат и имотен лист во заедницата на светските нации, привилегија што ја немаат бројни народи и етнички заедници низ планетава, па и во Европа. Беше тоа свечен момент кој немаше само симболично значење, туку на Северна Македонија ширум ѝ ги отвори портите кон стабилна, евроатлантска иднина.

На 17 јуни 2018, разумот, љубовта кон сопствената држава и патриотизмот, светскиот дух ги победија балканскиот инает, неспособноста, нерешителноста и кукавичлукот.

Но тоа беше и пораз на националистите. Пораз од кој не можат да се оправат до денешен ден. Тоа беше голема победа на европските вредности и развиената западна цивилизација, наспроти мрачните авторитарни и криминални тенденции на еден дел од светската заедница на нации. И наспроти деструкцијата што грижливо ја негуваат локалните лажни патриоти, криминалци и психопати. Тоа беше и денот кога националистите и насилниците конечно се вкопаа во калта, мрачните, искомплексирани губитници кои останаа далеку од широкиот нов пат кон развојот, добрососедството и мирот.

Нема што да се додаде. Не сакав, освен Алексис, никого посебно да споменам во овој текст, но знаете што и на кого сѐ мислам, и за добрите и за лошите ликови…

Доволно е само да кажам дека овој ден ќе го помнам како роденден на храброста, лидерството, мудроста и европејството.

 


Сите права се задржани.  

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

    (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk