ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Денот кога ја напуштивме мрачната историја

June 17, 2020 12:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

И ете, веќе две години пишуваме и говориме македонски, во македонска држава во која живеат Македонци, се разбира и сите други заедници. Не сме ФИРОМ-ци, не го говориме јазикот, некојси, на ФИРОМ, не живееме во ФИРОМ или БЈРМ држава. Тие кратенки што подразбираа припадност кон непостоечка држава, заминаа во историјата на 17 јуни 2018 година. Навистина, кратенката, „привремената референца“ што ја носевме речиси три децении како пердуви на казнети и посрамотени или како ознака на вирус, болештина, во себе упатуваше дека не сме дел ни од самите себе, туку од поранешна, непостоечка држава, распадната низ ѕверско крвопролевање. Бевме светски потсетник на болест, распаѓање. Тоа веќе не сме.

Можеше ли да биде подобро? Секако дека можеше, макар малку, да не беше криминално-лудиот националистички и кичерајски проект Скопје 2014. Да не беше социјалниот инженеринг, прво амебите, па ние, да не беше фабрикувањето на неквалитетна и плитка, а секако крадлива историја и сегашност… Секако дека ќе беше барем за нијанса подобра нашата позиција во последната фаза на преговорите за надминување на апсурдниот тридецениски грчко-македонски спор.

Мора да се одбележи, да не беше криминалниот и налудничав режим кој го одржуваше мачниот ФИРОМ-ски статус-кво, тоа ќе му помогнеше и на добриот Алексис Ципрас да направи и повеќе отстапки и да не ја плати високата политичка цена за својата отвореност и пријателство – со изборен пораз во Грција. Веднаш по договорот во Преспа, нашиот пријател Алексис ќе добиеше уште еден мандат во кој процесите и градењето на грчко-македонското пријателство ќе одеше уште побрзо и уште подлабоко. На повеќе начини, Алексис се жртвуваше себеси за општото добро и на својата и на нашата земја. И во преговорите, се согласи на нешта за кои не можеше да се замислат дека грчката страна било кога би ги прифатила.

И нашата македонска страна покажа историско разбирање и далекувидост. На тој 17 јуни 2018 година, ФИРОМ стана Република Северна Македонија, држава со печат и имотен лист во заедницата на светските нации, привилегија што ја немаат бројни народи и етнички заедници низ планетава, па и во Европа. Беше тоа свечен момент кој немаше само симболично значење, туку на Северна Македонија ширум ѝ ги отвори портите кон стабилна, евроатлантска иднина.

На 17 јуни 2018, разумот, љубовта кон сопствената држава и патриотизмот, светскиот дух ги победија балканскиот инает, неспособноста, нерешителноста и кукавичлукот.

Но тоа беше и пораз на националистите. Пораз од кој не можат да се оправат до денешен ден. Тоа беше голема победа на европските вредности и развиената западна цивилизација, наспроти мрачните авторитарни и криминални тенденции на еден дел од светската заедница на нации. И наспроти деструкцијата што грижливо ја негуваат локалните лажни патриоти, криминалци и психопати. Тоа беше и денот кога националистите и насилниците конечно се вкопаа во калта, мрачните, искомплексирани губитници кои останаа далеку од широкиот нов пат кон развојот, добрососедството и мирот.

Нема што да се додаде. Не сакав, освен Алексис, никого посебно да споменам во овој текст, но знаете што и на кого сѐ мислам, и за добрите и за лошите ликови…

Доволно е само да кажам дека овој ден ќе го помнам како роденден на храброста, лидерството, мудроста и европејството.

 


Сите права се задржани.  
Next Post

ЕУ: Глобален самит за набавки на вакцини на 27 јуни

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk