Хрватскиот фудбалерот кој игра за италијанскиот клуб Интер, Марсело Брозович, уплати 3.000 евра за операција Стаменка Менче Трповска, пишува на страницата на Inter Club Macedonia. Во објавата пишува дека Inter Tifosi Balkan споделиле вест дека на наша сограѓанка ѝ се потребни пари за операција и за многу кратко време, хуманиот фудбалер префрлил пари на сметката објавена во повикот за помош.
Претходно Менче објави апел за помош, дека и се потребни пари за операција да може повтотно да оди сама, без помош на штаки
„Драги пријатели, сега ми требате повеќе од било кога! Инаку, некои од вас ме знаат, а некои тек ќе ме запознаат, но јас сум девојката која се бори со сопствениот колк и пробува на било кој начин да го спаси. Првиот пат успеавме заедно и се супер беше, но се десија некои неочекувани работи кои мене ме вратија на штаки еве скоро цел месец не можам левата нога да ја мрднам и едвај со аналгетици успевам да станам на нозе за да можем испитувања да си направам. Да појаснам: Ланската операција на колкот која ја направив во Белград, Србија беше успешна, но се десија некои компликации за кои морав пак итно да се оперирам во Србија.
Но добро познатата причина за одлагање на се наречена корона ни ги промени животите на сите па така и на мене и чекајќи сево ова да помине и границите да се отворат за да ја заминам за Србија да се оперирам по втор пат ми се одложи. На средина на март месец требаше да заминам за Белград, но се откажа и јас така чекајќи пак завршив на штаки и тоа полошо од било кога. Искрена да бидам веќе не можам да издржам, ни спијам како што треба ни ништо од огромни болки. Па пак собрав храброст да ви се обратам на вас, драги мои пријатели поради тоа што сама не можам да се изборам со ова ниту физички ниту финансиски. Така што за ова мое лекување и пост оперативен третман ќе ме кошта 3000 евра за кои јас не можам да си ги обезбедам“, пишува во апелот на Менче.
И.Т.З.