Заборавеното и разурнато училиште „Димитар Влахов“ во преспанското село Љубојно ќе се обнови и ќе стане Центар за промоција на македонскиот јазик, објавува СДК.мк.
На 15 ноември 1945 година во ова училиште се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа, и е второ училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, каде се држела настава на мајчин јазик. Сега, 76 години подоцна училиштето стои распаднато, разурнато, обраснато со треви и непознато за пошироката јавност.
Денеска, на двегодишнината од потпишувањето на историскиот Преспански договор (на 17 јуни 2018 во селото Нивици на Преспанското Езеро) со кој се разреши тридеценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција, ќе почне трансформацијата на училиштето „Димитар Влахов“, во Центар за промоција на македонскиот јазик.
Целиот текст на СДК.мк, тука