– Во меѓународната политика Преспа стана синоним за успехот на дипломатијата и дијалогот, а за нас дома тоа е Договорот кој го потврди и зајакна македонскиот идентитет, пишува на ФБ лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Заев истакнува дека еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаат во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа.
„Иницијативата овде во Љубојно да се отвори Центар за промоција на македонскиот јазик во просторите на старото училиште е сосема природна и соодветна. Ова заслужува поддршка заедно со сите иницијативи што последните две години доаѓаат од Преспа како тромеѓа на народи што взаемно се почитуваат.
Особено сум радосен што овој убав настан се случува во селото со преубаво име – Љубојно. Името Љубојно доаѓа од љубов, па нека се знае дека сето ова што денес се случува е од љубов кон татковината и од љубов кон македонскиот јазик.“ потенцира Заев.