ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Се уриваат дивоградби, се воведува ред, се штити охридското крајбрежје

Се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.

June 18, 2020 11:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Заштитата на културното и природното наследство во Охрид и Охридскиот регион се многу важни.
Надлежните институции преземаат конкретни дејствија за уривање на дивоградбите со кои се загрозува Охридското крајбрежје, кое е заштитено од УНЕСКО и признаено како светско културно и природно наследство.

Изминативе денови, интензивно се отстрануваат нелегално изградени објекти на плажата „Немо“ во Охрид.
Се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.
Се отстранува урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план, по што ќе се отстранат и останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и натстрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.
Со конкретен план и стратегија ќе се отстранат дивоградбите, со што 25 плажи долж Охридското езеро ќе се вратат во првобитна состојба. Тоа ќе придонесе за намалување на негативните влијанија врз квалитетот на водите, биолошката разновидност и пределските карактеристики, како и зачувување на УНЕСКО статусот.
На овој начин се спроведуваат мерките за заштита на крајбрежјето утврдени со  Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, што Владата предводена од СДСМ го усвои во јануари 2020 година.
Ред мора да има, мора да се заштити охридското крајбрежје. Нема толеранција за никој, ќе се преземат конкретни мерки против секој кој на каков било начин го уништува ова наше културно и природно богатство, се вели во соопштението до јавноста на официјалната страна на Социјалдемократскиот сојуз.

 

 

Next Post

Преглед на вести во 12 часот: Затворски казни за Боки-13 и Јанева, нови униформи за Армијата, рехабилитација на над 20 училишта...

НАЈНОВО

„Лидл“ започнува со изградба на втор објект во Скопје

September 3, 2025
Фото: Фејсбук Мицкоски

Општина Аеродром ги налути жителите: Паркингот се чисти кампањски, само за премиерот и министрите

September 3, 2025

Пренџов бара комисиска расправа за АНБ, а Реџепи не свикува седница бидеќи бил дискриминиран оти нема одговор за безбедносен сертификат

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Над 150.000 скопјани секојдневно се гушат во чад од Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk