ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Сотирова Бухова: Заврши инспекцискиот надзор за случајот со родилката – лекарка, постапката преминува во надлежност на МВР

Инспекцискиот надзор, додава Сотирова Бухова, продолжил понатаму во Приватната општа болница Ремедика каде што истата пациентка била породена. Таму има изјава во која пациентката наведува дека имала контакт со лице со респираторни симптоми.

June 18, 2020 14:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Завршен е Инспекцискиот надзор поврзан со родилката – лекарка која што се породи на Гинеколошко – акушерската клиника, а која криела контакти. Понатму тој преминува во надлежност на МВР, истакна денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.

-Во тек на истиот ден кога ја добивме информацијата дека родилката која беше примена на 6.ти на ГАК и која дала лажна изјава потпишана при прием дека немала контакт со лице со респираторни симптоми, ниту пак, дека во семејството има позитивен на корона тест, го завршивме инспекцискиот надзор таму при што се констатираше дека во досието на пациентката недоставува конкретната изјава. Во моментот кога нашите инспектори беа таму, веќе беше повикано МВР, кое мора и може понатаму да го проследува и да го заврши случајот. ДСЗИ нема ингеренции да ги гледа камерите и да испрашува дел од персоналот кој бил на работа во таа смена. Меѓутоа, ДСЗИ ги има изјавите и на менаџерскиот тим и на вработените кои биле присутни при прием и при испис на истата пациентка, рече Сотирова Бухова на новинарско прашање.

Инспекцискиот надзор, додаде таа, продолжил понатаму во Приватната општа болница Ремедика каде што истата пациентка била породена. Таму има изјава во која пациентката наведува дека имала контакт со лице со респираторни симптоми.

-Меѓутоа, во Ремедика како и на ГАК, и покрај неискрените податоци, целиот персонал бил во комплетна лична заштитна и немаше висок ризик по вработените ниту пак по пациентите кои биле во контакт со оваа пациентка. Случајот за нас како ДСЗИ тука завршува и преминува во рацете на МВР, рече Бухова Сотирова.

Запрашана за случајот со три родилки во Гинеколошката болница во Чаир, кои исто криеле контакти, рече, иако не е официјално пријавен, и таму, е направен вонреден инспекциски надзор, а останува МВР да ја продолжи постапката.

-Официјално во Државниот санитарен и здравствен инспекторат случајот со трите родилки кои при приемот во Гинекологија Чаир не кажале дека имале контатки со лица заболени од Ковид  -19 не е пријавен, иако ние сме во секојдневна комуникација со директорот на Болницата. Вакви постапки се речиси секојдневни. Сите доктори се соочуваат со неискреност на дел од пациентите, меѓутоа како што беше постапката за ГАК каде ДСЗИ направи вонреден надзор, го констатира тоа што беше видено, постапката потоа мора да ја продолжи МВР, затоа што ингеренциите на ДСЗИ  се до одреден степен, се понатаму вклучително и за овие три пациентки за кои информираше директорот на Болницата во Чаир, се во ингеренции за МВР, рече Сотирова Бухова.

Случајот, пак, со заболениот чувар во Истражниот Затвор „Скопје“, Сотирова Бухова информира дека е извршен вонреден инспекциски надзор кај матичната лекарка на споменатиот пациент, но се уште не е завршен. Очекуваат уште одредени документи од Мој термин за да може постапката да се комплетира, по што ќе ја информираат јавноста, рече директорката на ДСЗИ, Сотирова Бухова./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk