ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Филипче: Има заразени кои не ги даваат или лажат за контактите, и сега може тие го шират вирусот

June 18, 2020 22:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во огромен број на случаи мора да кажам дека граѓаните, пациентите даваат податоци, и во однос на контактите, и во однос на тоа каде се случил тој собир, на некој начин признаваат дека сепак не се придржувале на препораките кои преку Комисијата за заразни болести и министерството за здравство ги носи Владата“, порача министерот Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој додава дека има и голем број на граѓани кои не соработуваат.

„На терен со проблеми се соочуваат епидемиолозите, прават интервју на некој заразен и за контактите што ги имал истиот, ниту дава точно име и презиме, ниту точен телефонски број, ни па точна адреса и на тој начин сме оневозможени да стигнеме до вистинските контакти“, посочи министерот Филипче.

Апсолутно мислам дека треба да се санкционираат, вели Филипче, затоа што е сериозно загрозување на јавното здравје.

„Недозволиво е да се организира собир, а притоа да не се кажуваат контактите. Со санкционирањето да докажеме дека ова е сериозна работа, дека станува збор за заштита на јавното здравје, со превентивните мерки секој од нас се штити и индивидуално“, рече Филипче.

Тој вели дека во огромен број случаи граѓаните даваат податоци и во однос на контактите и во однос на тоа каде се случил собирот и на некој начин признаваат дека сепак не се придржувале до препораките и правилата кои преку Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ги носи Владата.

Според него, ситуацијата не е хаотична, имаат целосна контрола на бројот на слободни кревети и на бројот на лекари и медицински сестри кои работат со заболените.

Прашан во однос на заболениот медицински персонал, Филипче вели дека огромен процент од нив се заразиле надвор од работните места или за време на контактите меѓу вработените на работното место.

„Доказ за тоа е Инфективната клиника каде се лекуваат најмногу пациенти. Сега има близу 100 пациенти кои се хоспитализирани на клиниката, уште 4, 5 пациенти во монтажната болница што профункционира вчера. Тука има посебен тим лекари и медицински сестри и практично нема заразен лекар, а тоа се лекари и сестри кои работат од самиот почеток со пациентите болни од Ковид-19. Значи со доследно придржување до употреба на заштитните материјали апсолутно секој може да се заштити“, смета Филипче.

Тој упати апел до граѓаните дека со одговороното однесување ќе им помогнат и на лекарите и на медицинските сестри. Ова, вели тој, не е борба што можеме самите да ја добиеме.

Next Post

Во Италија 66 починати и 333 нови случаи на коронавирус

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk