ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Законот за буџети во финална фаза

June 19, 2020 14:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-законот за буџет е во процес на финализирање, согласно консултациите со Светска банка, ММФ и ЕУ, информира министерката за финансии Нина Ангеловска, по денешната четврта седница на Советот за управување со јавни финансии.

Ангеловска, информираат од нејзиниот кабинет, претседавала со седницата на Советот, кое е координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2018 – 2021 година.

– По завршување на предвремените избори, КОВИД-19 кризата, како и потребниот период за јавни консултации, очекувањата се дека законот треба да биде донесен до крајот на 2020 година. Со новиот Закон за буџети ќе биде регулирано воспоставувањето на фискалните правила и Фискалниот совет. Подготвен е и новиот предлог-закон за внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кој паралелно со новиот Закон за буџети, треба да се донесе во текот на 2020 година. Со новиот закон се очекува дополнително да се зајакнат основите за спроведување на јавната внатрешна финансиска контрола низ целиот јавен сектор., се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Министерката, посочи дека во изминатиот период е подготвена и Стратегија за реформа на даночниот систем за која беше спроведена јавна консултација со заинтересираните страни. Оваа стратегија ги интегрира главните приоритети во областа на даночната политика и даночната администрација во периодот 2020-2023 година.

– Кон крајот на 2019 годината лансиравме повеќе алатки кои значително ја подобрија транспарентноста. Изработена е алатка за следење на капиталните расходи за секој буџетски корисник одделано, понатаму беше пуштен во употреба порталот „Отворени финансии“ кој е дизајниран за да и овозможи на јавноста преглед на сите исплати од Трезорот. На почетокот на годинава направена е страната „Јавен долг“ каде може да се следи состојбата на долгот, неговото движење по години, раздолжувањата, повлекувањата за тековната година и финансирање на истиот, рече Ангеловска.

Паралелно со реформите во буџетот, продолжуваат реформите во системот на управување со јавните финансии преку воспоставување на нов ефикасен и интегриран информациски систем за управување со финансии во Министерството за финансии (ИФМИС).

Министерката за финансии, се вели во соопштението, посочи дека сите реформски процеси треба да продолжат и во наредниот период и истите да се рефлектираат во новиот Акциски план за 2020 година. Таа повика сите да придонесат во своите делови за интензивирање на активностите и забрзување на реформите, бидејќи сите мора да го дадат својот придонес за побрзо да одиме напред.

Членови на Советот за управување со јавни финансии се вицепремиерите за европски прашања и за економија – Османи и Царовска, министерите за економија и информатичко општество и администрација Бектеши и Манчевски, како и директорите на УЈП, Царинска управа, Биро за јавни набавки, Државниот завод за статистика, Државна комисија за жалби по јавни набавки и Главниот државен ревизор.

Буџетот за спроведување на новиот Акциски план за 2020 година е планиран на 12 милиони евра, од кои 2,3 милиони евра се од буџетот на државата, додека 9,7 милиони евра би се обезбедиле од донаторски извори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk