ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Може да се справиме со напливот на пациенти

June 19, 2020 15:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме капацитет да се справиме со напливот на пациенти и има доволно слободни кревети за нивната интензивна нега, особено што од идната недела на голем дел ќе им заврши периодот од три недели и ќе почне да се испишуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во изјава за медиумите при днешниот престој во Прилеп, тој рече дека е точно оти има поголем број пациенти, посебно во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, како што рече, проблем со кој се соочуваме деновиве, и затоа почнала ротација на лекари и сестри од сите јавно-здравствени установи во државава.

– Во овие две клиники има сосема доволен број слободни кревети и пристап до респираторни машини. Предвидени  се и други институции кои сега се слободни. Има слободни места и во Модуларната болница до Инфективната клиника, и во „8 Септември“ и во сите други болници каде има инфективни одделенија. Следната недела почнува циклусот на испишување пациенти зашто поминал периодот од три недели од почетокот на овој бран и нивното лекување веќе привршува. Така што, сметам дека тоа е голем предизвик кој засега добро го менаџираме, смета Филипче.

И за време на гласањето на изборите ќе има тимови здравствени работници, особено правото да го остварат пациентите, оние во смаоизолација и хроничните болни.

-Тоа што од нас го побара Државната изборна комисија е список на здравствени работници од целата држава, според општини, за на соодветен начин да се вклучат во изборниот процес, гласањето на луѓето кои се на домашно лекување, за тие кои се во самоизолација и за луѓето кои имаат хронични болести, рече Филипче.

Посочи дека викендов ќе се анализираат најавите за отворање на границите, без карантин, за што е важна регионалната соработка на здравствените системи.

-Тој принцип ќе се темели на тоа дека сите земји во регионов, вклучително и нашата, имаат ист, идентичен епидемиолошки ризик и иста епидемиолошка состојба. Ние видовме пораст на дијагностицирани пациенти нешто порано од останатите земји. Сега апсолутно сите земји во регионов се соочуваат со тоа. Врз основа на билатералните контакти со сите соседни земји, а врз основа на анализата на последните новодијагностицирани случаи, поврзаноста со кластерите и анализата на поединечните земји од регионов, во текот на овој викенд ќе донесеме одлука, рече Филипче.

Додаде и дека први во регионот сме изреагирале и почнавме со едно интензивно тестирање на огромен број контакти на претходно дијагностицираните заболени што, како што рече, ни овозможи за кратко време да ги ставиме во изолација. За проблемот со недавање податоци од луѓето што треба да бидат во изолација, министерот рече дека има механизми како да биде надминат.

Соопшти дека за овој проблем утрово се дискутирало на состанок на Комисијата за заразни болести и дека денеска или најдоцна утре јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, а станува збор за 450 такви решенија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Откако ги одбија другите партии, ДУИ бара помош од академските кругови

НАЈНОВО

фото Лајен/Х

Фон дер Лајен се сретна со претставници на граѓанското општество: ЕУ е подготвена да ја поддржи Србија во градењето стабилна демократија

October 15, 2025

Шукова: Проблемот со водата во Скопје мора системски да се реши, не со привремени зафати

October 15, 2025

Мисајловски на состанок на НАТО, поддршка за зајакнување на Алијансата и стабилност на Западен Балкан

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk