ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Голем интерес за смерот за медицински сестри на уписите во средно, в понеделник тестирање

Средните училишта во земјава попладнево по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование

June 19, 2020 22:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во три средни училишта во Скопје, Струмица и Прилеп со здравствена струка за насоката медицинска сестра, како и во скопската гимназија „Орце Николов“  за билингвалните паралелки по англиски јазик се пријавиле повеќе ученици со максималниот број (75) бодови отколку што се предвидени слободни места во Конкурсот за прва година во 2020/2021 година,  соопштија од Министерството за образование и наука за МИА. Поради тоа, во четирите училишта в понеделник ќе се организира квалификациско тестирање од 10 часот.

Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови.

На 22 јуни на квалификациското тестирање за учениците што се пријавиле за оваа насока во трите училишта ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија на јазикот на кој тие  ја следеле наставата во основното училиште.

Во скопската гимназија „Орце Николов“ квалификациско ќе има во билингвалните паралелки по англиски јазик. Тестирање ќе има по предметот англиски јазик на 145 ученици пријавени со 75 бода затоа што според Конкурсот треба да се примат 136 во четири паралелки. И ова тестирање ќе биде в понеделник, 22 јуни, од 10 часот во училиштето.

Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а комисијата за организирање на квалификациското тестирање е формирана од членови на МОН, БРО и наставници од самите училишта.

Средните училишта во земјава попладнево по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок за средно образование за учебната  2020/2021 година, кое беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни,  а во некои училишта пријавување имаше и денеска  до 13 часот.

Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Лукаревска: Имаме добра наплата на даноци, економските мерки даваат ефект

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk