ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилеп доби ургентен центар, модернизирана и Болницата која дава здравствена грижа на 100 000 жители од регионот

June 19, 2020 16:11
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градската болница „Борка Талески“ во Прилеп доби нова апаратура, обновени и модернизирани се акушерскиот оддел, амбулантите, а по 15 години е отворен и Ургентниот центар за итните случаи и тријажа на пациентите, констатираа денеска премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, директорот на болницата Драган Богојески и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски при разгледувањето на реновираните оддели, на новата апаратура во Болницата.

Според премиерот Спасовски, создадовме ресурси, сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети за сместување, медицинска опрема и знаењата на здравствените работници, за да се справиме и со актуелниот бран на коронавирусот.

-Во изминатите три години, како никогаш досега, се посветивме на унапредување на работата на локалната самоуправа, во инвестирање во проекти од инфраструктурата во општините низ целата држава. Резултатите ги гледаме денеска, и ги констатираме секој ден. Би сакал да ја искористам приликата да истакнам и да изразам благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од граѓаните на оваа Општина за донацијата од 50.000 евра (во специјални болнички кревети и инвалидски помагала), која во мај во болницата пристигна од турската компанија „АЛИМ ОРМАН УРУНЛЕРИ“, со што се покажува дека солидарноста и општествената одговорност доаѓа посебно до израз во кризни ситуации ѝ е од исклучително значење за искреното пријателство меѓу граѓаните на сите држави, истакна Спасовски.

Министерот Филипче нагласи дека обновувањето и осовременувањето на здравствениот систем е повеќе од потребно.

-Со реновирањето на Гинеколошкото-акушерско одделение, родилките од целиот регион ќе имаат можност да бидат згрижени и сигурни во пријатен престој. Во ваква пандемија и светска криза, станува јасно колку е битно јавното здравство, рече Филипче.

Драган Богојески, директор на приелпската болница „Борка Талески“ смета дека болницата е речиси опремена, само недостасува магнетна резонанца за целосна здравствена заштита на околу 100 000 жители од регионот.

-Ова е убав повод: отворањето на Ургентното одделение, реновирањето на акушерскиот дел и на амбулантскиот дел во болницата, набавката на големо количество медицинска опрема, посебно набавката на нов дигитален рентгенски апарат како и донацијата од Република Турција од Алин-груп Фондацијата. Сето тоа е за подобрувањето на здравствените услуги. Идејата за Ургентниот центар е 15 години за сите итни случаи во општината каде ќе се врши нивната тријажа.  Недостасува уште апарат за магнетна резонанца. Се надеваме догодина, да заврши кризава дека и тоа ќе го набавиме за да им обезбедиме целосна здравствена заштита на жителите од регионот, рече Богојески.

Прилепскиот градоначалник Јованоски ги потенцира напорите на здраствените институции во Прилеп во справувањето со пандемијата како и граѓаните кои се придржуваат на мерките.

– Тоа резултира од град кој беше во врвот според бројот на заболени, сега има само 16 активни случаи. Но упатувам порака и сериозно предупредување до кафулињата да нема собири на младите на забави со што може да се доведат во опасност сите, нагласи Јованоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шекеринска: Учениците од Дебреште ќе добијат нова спортска сала

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk