ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакција на МОФ за квалификациските тестирања во средните училишта

June 19, 2020 12:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Младинскиот образовен форум (МОФ) реагира на квалификациските тестирања за упис кои Министерството за образование и наука вчера ги закажа за 22 јуни 2020 во средните училишта каде што со ист број поени се пријавени повеќе ученици одошто слободни места утврдени во Конкурсот.

МОФ изразува загриженост поради тоа што тестирањето е закажано доцна, односно нецели четири дена однапред, во време на пандемија и во висок ризик од заразата. Укажува и дека учениците треба во ист ден да полагаат тестови по два предмета, што е стресно за нивната возраст, а ги немаат ниту учебниците за да се подоготват бидејќи ги вратиле за да ги добијат свидетелствата.

Дополнително отежнување, смета МОФ, е тоа што учениците во второто полугодие учеа во вонредни услови и од далечина, т.е. образованието по квалитетот и интензитетот било различно од изминатите години. 

– Со доцната и нецелосна најава, учениците се ставени во состојба да не знаат дали согласно нивниот ранг би полагале, а дополнително непознат им останува обемот на материјалот  на кој ќе се спроведе тестирањето. Уште повеќе загрижува фактот што тие ќе имаат нецели четири дена за подготовка за полагање на два предмета – математика и мајчин јазик. Од моментот на објавата на првичната ранг-листа во училиштата (која ќе се случи денес), до изведувањето на тестирањето, учениците имаат нецели три дена да се подготват за двата теста. Успехот на ова тестирање директно ќе се одрази на понатамошното образование на овие ученици, наведе МОФ во реакцијата, набројувајќи ги слабостите на квалификациското тестирање закажано за понеделник.

Од МОФ го повикаа Министерството додека не најде соодветен модус за превенирање на овие ситуации во иднина, „мора да се остави простор училиштата да одлучат за отворање поголем број паралелки доколку за истото имаат соодветни можности и услови“. 

– Потенцираме дека и понатаму остануваат места во стручните училишта кои ниту оваа година Министерството за образование и наука не успеа доволно да ги промовира и популаризира помеѓу идните средношколци. Еден од приоритетите на Министерството мора да биде изедначување на квалитетот во сите училишта, што директно ќе влијае на нивната привлечност за следните средношколци, наведува МОФ.

Next Post

Грчки новинар со серија дезинформации за пандемијата на Ковид-19

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk