ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ресурсниот центар ја демантира Иванка Василевска од ДПМНЕ и бара јавно извинување

Според форматот со кој Ресурсниот ценар беше создаден, неговата политичка независност е утврдена и истиот се оградува од каква била поврзаност со која и да е од политичките партии во Република Северна Македонија.

June 19, 2020 21:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби (во натамошниот текст Ресурсен центар) започна со активна работа во 2014 година како родителска организација со мисија да им служи на сите деца и лица со посебни потреби и нивните семејства преку обезбедување на поддршка, помош, пристап до информации, обезбедување на остварување на нивните права и овластувања во сите сегменти на животот, успешна социјална инклузија и подигнување на јавната свест и одговорност на национално ниво.

Инициран, формиран и воден од родители на деца со посебни потреби, а замислен кано национален родителски сервис кој им служи на родителите и нивните деца со посебни потреби, Ресурсниот Центар делува како партнер на родителите, на здруженија чии активности и делување се однесуваат на децата и лицата со посебни потреби, но едновремено и на институциите кои работат на подобрување на условите на животот на децата и лицата со посебни потреби.

Согласно Статутот на организацијата Ресурсниот Центар има Собрание како иајвисок орган на здружението и Управен Одбор кој е составен од 7 членови од кои 3 членови се и лица со посебни потреби. Во согласност со тоа, РЦ е Здружение ЗА лица со посебни потреби, но и Здружение водено и Од лица со посебни потреби.

Ресурсниот Центар верува дека секое лице, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, има право да живее свој сопствен живот и да тежнее кон своите цели без ограничувања, предрасуди и очекувања од другите лyѓe. Нашиот став кореспондира и со МКФ – меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (International Classification of Functioning, Disability and Health – ICF) која се фокусира на профилот на лице со потенцијал, а не на лице со посебна потреба или попреченост.

За Претседаталот на Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби едногласно од Управниот одбор беше избрана Јасна Мандиќ, а после четири години повторно беше реизбрана едногласно од Управниот одбор. Заради новонастанатата ситуација на 04.12.2019 година Јасна Мандиќ официјално се обрати до Управниот одбор на Ресурсен центар:

Во интерес на опстанокот на организацијата, која прво лично мене многу ми значи и која заедно со сите родители и ангажирани успеавме да је креираме како независна и партнерска точка за сите, би сакала да договориме измени кои ќе значат успешно продолжување на работата на Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби и зголемување на апликативните капацитети. Токму заради апликативните капацитети отстапувам од функцијата Претседател и член на Управниот одбор на здружението. Ја користам можноста да Ви се заблагодарам на сите за укажаната доверба во двата мои мандата.“

На 25.12.2019 година за Претседател на Ресурсен центар беше избрана Ребека Јанковска Ристевски.

Според форматот со кој Ресурсниот ценар беше создаден, неговата политичка независност е утврдена и истиот се оградува од каква била поврзаност со која и да е од политичките партии во Република Северна Македонија. Напротив, финансиската поддршка која Ресурсен центар ја добиваше во текот на своето работење од страна на многуте меѓународни здруженија, фондации и невладини организации, беше субјект на строг надзор и ревизија со цел задоволување на највисоките стандарди за финансиска исправност и транспарентност.

Од горенаведеното јасно е дека РЦ не е сопственост на ниедна индивидуа. Поради тоа остро јa демантираме изјавата која беше дадена на прес конференција од страна на политичката партија BMPO ДПМНЕ. Истата изјава е базирана на голем број невистини за кои ние како Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби бараме јавно извинување од Иванка Василевска и нејзината политичка партија.

Ребека Јанковска Ристевски
Претседател на Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
пасоѓ

Режими на движење и правила за транзит на државјани на С.Македонија во други земји во однос на пандемијата со КОВИД-19

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk