Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Дневната температура ќе се двиѓи од 24 до 32 степени, а УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Температура ќе достигне до 30 степени.
Во сабота ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само на места ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен, ветер претежно од северозападен правец. Од недела повторно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.