ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дополнителни 22 милиони денари за активностите на центрите за јавно здравје и ИЈЗ

June 20, 2020 08:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Програма за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, е усвоена вечерва на седница на Владата, со повисоки финансиски средства во делот за вонредни и кризни состојби во висина од 22.000.000 денари, за исплата на спроведени активности од страна на 10-те центри за јавно здравје и Институтот за јавно здравје во период од почетокот на кризната состојба до 20 мај 2020 година.

– Програма за изменување и дополнување на Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, ќе се реализира согласно одобрените средства со ребалансот на Буџетот за оваа година, во висина од 65.000.000 денари од кои 55.000.000 денари се од Основниот буџет и 10.000.000 денари се од сопствени средства на Министерството за здравство, соопштија од владината прес-служба.

На предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои Програмата за изменување на програмата за лекување на ретки болести, која оваа година ќе се финансира согласно одобрените средства со ребалансот на Буџетот во висина од 522.000.000 денари.

– На оваа седница е усвоена и Програмата за изменување на програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Северна Македонија, која оваа година е финансира со зголемени финансиски средства 15.000.000,00 денари, согласно ребалансот на Буџетот, со вкупна висина од 40.000.000,00 денари, наведоа од прес-службата на Влада.

На  седницаta се усвоени и Програмата за измена на Програмата за превентивни мерки за спречување на туберкулозата кај населението во Република Северна Македонија за 2020 година, Програмата за изменување на Програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери и за обезбедување на средства за специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош како и на членовите на нивните домаќинства, Програмата за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности, како и Програма за изменување на Програмата за превенција на кардиоваскуларни болести (КВБ).

– Владата  ја усвои и Програмата за изменување на Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени, како и за спроведување на обуки за вршење на преглед на умрени лица за 2020 година, која ќе се реализира во рамките на одобрените средства согласно донесениот ребаланс на Буџетот во висина од 45.000.000 денари, од кои 10.000.000, денари од Буџетот на Република Северна Македонија, а 35.000.000,00 денари од буџетот за самофинансирачки активности на Министерството за здравство, информираа од владината прес-служба.

Од таму појансија дека истата Програмата има цел стручно усовршување, односно специјализација/супспецијализација на медицински кадар од јавните здравствени установи во државава  со долгорочна цел подигнување на квалитетот на укажувањето на здравствените услуги во државата.

– Владата денеска го прифатила и предлогот од Министерството за труд и социјална политика во однос на опфатот на мајките чиешто платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено или посвоено дете завршило по отпочнување на времените мерки, од 11 март 2020 година, а пред почнување на вонредната состојба на 17 март годинава. Со приложување на лична писмена изјава до работодавачите покрај добиена потврда од матичен гинеколог, отсуството од работа за оваа категорија лица ќе се смета за оправдано и ќе се смета дека и надоместоот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Хотелиерите подготвени за почеток на работа

НАЈНОВО

Скриншот

Зграда се урна во Мадрид за време на реновирање, пожарникарите бараат преживеани

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Трошоците на животот намалени во септември, инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,0 отсто

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk